ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери – Река: Северна Македонија и Албанија придонесуваат во регионалната стабилност и најреалната шанса за членство во ЕУ до 2030, не смее да се пропушти

January 31, 2024 12:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретнал со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Фатос Река. На средбата, соопштија од владината прес-служба, биле пренесени честитки од премиерот на Албанија, Еди Рама, за изборот на премиерот Џафери и на на новата Влада.

Нагласени биле исклучително добрите односи помеѓу Северна Македонија и Албанија, како значаен пример за добрососедски односи во регионот, коишто се сериозен придонес во стабилноста на целиот Западен Балкан, а со тоа и на европскиот континент.

– Северна Македонија и Албанија, како што е констатирано, се развиваат успешно по европскиот пат и заслужуваат полноправно членство во Европската Унија во динамичен процес до 2030 година. Тоа, како што се оцени, е од важност за граѓаните на двете држави, но и за европската стабилност, поради актуелниот геополитички контекст и затоа најреалната евроинтеграциска шанса досега, за двете држави, не смее да се пропушти, стои во соопштението.

Во таа насока, премиерот Џафери истакнал дека новата, преодна Влада, што се темели на проевропската коалиција, продолжува да работи согласно проевропскиот курс во политиките, чија цел е квалитет на живот на граѓаните по европски стандарди. Притоа, премиерот Џафери посебно посочил на фокусот на Владата за организирање мирни, фер и демократски избори, како и во претходните неколку изборни циклуси.

Во делот на развојот на соработката, се подвлекува во сооптшението, премиерот Џафери и амбасадорот Река се согласиле дека постои заедничка определба за зајакната регионална економска интеграција, за што се доказ веќе потпишаните протоколи за спроведување на условите за слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан, како и за меѓусебно поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан. Се разговарало и за посветеноста кон инфраструктурното поврзување преку коридорите 8 и 10, што носи економски придобивки за двете држави.

Tags: АлбанијавЕУРекаСеверна МакедонијаЏафери
Next Post
дезинформација

Што е дезинформација?

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk