ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албански медиуми: ЕУ ги повика Србија и Косово да постигнат договор пред изборите во САД и ЕУ; економијата во Албанија изградена врз загадување на животната средина; Динарот како следен предизвик за нормалноста

January 31, 2024 11:59
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претставникот на Европската унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак,  во вторникот ги повика Косово и Србија да ги забрзаат напорите за нормализирање на нивните односи пред двата важни меѓународни избори, пренесуваат косовските медиуми.

Во опширна анализа на Дојче Веле на албански јазик се наведува дека Албанија има највисока стапка на смртност во регионот, на 100.000 жители, како резултат на изложеност на озон, пренесоа албанските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми.

КОСОВО

Клан Косова: Лајчак побара од Косово и Србија да постигнат договор пред изборите во ЕУ и САД

Претставникот на Европската унија за Западен Балкан во вторникот ги повика Косово и Србија да ги забрзаат напорите за нормализирање на нивните односи пред двата важни меѓународни избори.

Мирослав Лајчак се сретна со претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и други официјални претставници во Приштина, по посетата на Белград претходниот ден, пренесе Клан Косова.

Репортери: Се бара притвор за двајцата функционери од Основниот суд во Приштина, кои беа уапсени поради злоупотреба на службената положба

Приштина- Основното обвинителство во Приштина до Основниот суд во Приштина поднесе барање за определување мерки притвор на Д.Х и И.И., службеници во Основниот суд во Приштина, осомничени за „Злоупотреба на службената должност“.

Веста ја потврди Лаурета Улај, портпарол на Основното обвинителство во Приштина.

Обвинителството поднесе барање за определување мерка притвор за двајцата обвинети, поради злоупотреба на службената должност“, рече Улај, пренесе Репортери.

Коха – МКГ: Ако не Заедница, засегнатите да најдат  други алтернативи

Европската унија треба да преземе четири активности за да ја олесни динамиката на дијалогот меѓу Косово и српското население, заклучи Меѓународната кризна група (МКГ) во извештајот објавен во вторникот насловен „Кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија“.

Меѓу главните, се вели дека доколку не се најде решение за Заедницата на општините со српско мнозинство, ЕУ треба да изврши притисок за други алтернативи, објави Коха.

АЛБАНИЈА

ДВ – Албанија: Да вдишуваш смрт! Економија изградена врз загадување

Според Европската агенција за животна средина, „Албанија има највисока стапка на смртност во регионот, на 100.000 жители, како резултат на изложеност на озон“, што се создава од комбинацијата на штетни гасови што ги испуштаат возилата од нецелосно согорување на гориво или квалитетот е слаб, во денови со многу високи температури.

Според податоците на истата институција, во периодот 2017-2021 година во Албанија животот го загубиле 5.410 лица, како резултат на долготрајна изложеност на ПМ2,5 и азот диоксид и краткорочна изложеност на озон, се наведува во опширната анализа на Дојче Веле на албански јазик.

Телеграфи: Специјалното обвинителство во Албанија заплени 1 милион евра од граѓанин под истрага за повеќе кривични дела

Специјалното обвинителство на СПАК соопшти дека запленило имоти вредни околу 1 милион евра, за кои постои сомнеж дека незаконски ги пласирал поранешниот началник за операции во Државната полиција, Олтион Бистри, опфатени во досието „Метаморфоза“, пренесе Телеграфи.

КОЛУМНА

Коха: Динарот како следен предизвик за нормалноста

„Нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, повеќе отколку со нацрт-договор, потпишан или не, се реализира од еден во друг кризен циклус. „Динарската криза“ ја има истата димензија, премин од нормалност на четврт- вековна инерција во сосема поинаква нормалност за српските граѓани на Косово.

И овој предизвик ќе бара добра волја од владите на двете земји, Косово и Србија, да изнајдат решение кое ќе обезбеди благосостојба на овие граѓани.“, пишува публицистот Ветон Сурои во колумната „Динарот како следен предизвик за нормалноста“, објавен во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk