ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обвинителството отвори истрага за случајот Онкологија, побарани мерки за претпазливост за Васев и Нухи

January 31, 2024 15:32
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПРАВДА

Јавното обвинителств отвори истрага за случајот со Онкологија и побара мерки за претпазливост за поранешниот директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, кој се сомничи за седум кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и за „измама во службата“, како и за организацискиот директор, Нехат Нухи, кој се сомничи за „измама во службата“. Во случајот се осомничени и тројца лекари кои се товарат за помагање во „измама во службата“.

Васев, освен забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа и забрана за издавање на нова, му е изречено и оддалечување од работното место. Додека, за Нухи е побарано само забрана за напуштање на живеалиштето и одземање на патната исправа. По ова барање треба да одлучи Основниот Кривичен суд Скопје.

– Во текот на предистражната постапка во овој предмет работевме во тим од двајца јавни обвинители, беа преземени многу дејствија и прибавена е обемна документација. Од исклучителна важност за целата оваа постапка беа онколошките пациенти и нивните семејства на кои сакам уште еднаш јавно да им се заблагодарам и да ги охрабрам да ги пријавуваат сите евентуални незаконитости и злоупотреби на кои биле сведоци на конкретната клиника, изјави обвинителката која го води случајот, Ана Гоговска Јакимовска.

На денешниот брифинг со новинари таа рече дека медицинскиот и организацискиот директор набавиле лекови на реверс пред склучување на договор за јавна набавка, без согласност од Фондот за здравствено осигурување на Македонија во период кога постапките за јавна набавка сѐ уште не биле спроведени од Министерството за здравство.

Како што информираше, спротивно на протоколите за лекување, се препишувани лекови на пациенти каде постои недоследност во дозирањето на лековите и тајмингот на апликацијата.

Обвинителството од досегашната истрага утврдило дека е сторена имотна корист за друг во износ од 1 817 520 000 или близу 30 милиони евра.

Tags: обвинителствоонкологија
Next Post

Ахмети: Курти отворено да каже дали ќе учествува на изборите, на Албанците во Македонија не им требаат многу партии

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk