ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пекевски закажа средба на Управниот одбор во градинката „23 Август“ по информацијата за двата случаи на салмонела

January 31, 2024 15:48
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

По потврдата на вториот случај на саломонела кај деца згрижени во градинката „23 Август“, градоначалникот на Берово Звонко Пекевски ја информира јавноста дека веднаш по појавата на првиот случај од градинката е побарано писмено известување за причините за настаната ситуацијата и што е преземено. Тој денеска побара итна средба на Управниот одбор во градинката, на која ќе се разгледа целата ситуација со појавата на салмонела, а истовремено, како што додаде, преку Центарот за јавно здравје е иницирана постапка за вршење на инспекциски надзор од страна на санитарен иснпектор на храна.

Целта, како што вели градоначалникот на Берово, е да се утврди дали изворот на салмонела потекнува од детската градинка или самата бактерија е појавена од друго место.

-Како институција имаме преземено се што е во наша надлежност. За другата недела е закажана седница на Совет на која имам иницирано и точка за појавата на салмонела во градинката. Иако службено сум отсутен ја добив информацијата од Центарот за јавно здравје кој врз основа на двата случаи самиот иницира постапка за вршење на инспекциски надзор од страна на инспектори согласно нивните надлежности, вели за случајот Пекевски.

За реакцијата на родителите вели дека ја разбира нивната загриженост, а истовремено се заблагодари за ангажманот на вработените со цел да се утврди фактичката состојба.

-Моментално 40 деца се загрозени и ја разбирам загриженоста на родителите, бидејки тие практично ја отпочнаа постапката. Сепак се додека не излезат институциите со став и потврдување на состојбите, не би сакал да шпекулирам во интерес на останатите дечиња и родители кои се уште ги згрижуваат децата во детската градинка, додаде Пекевски.

Во текот на вчерашниот ден како што посочи земени се брисеви и од вработените и преземени се сите чекори од Општината, за да се утврди фактичката состојба во детската градинка во Берово. 

Tags: БеровоГрадинкаПекевскисалмонела
Next Post

Концерт на Слаткар во Скопје

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk