ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Буданов: Следните шест месеци ќе бидат „интересни“, руските офанзивни потенцијални се исцрпуваат

February 1, 2024 12:27
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Шефот на Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР), Кирило Буданов, во интервју за Си-ен-ен вели дека следните шест месеци ќе бидат „интересни“, бидејќи во овој период ќе заврши притисокот на Русија по линијата на фронтот, пренесува Укринформ.

Буданов, исто така, посочи дека нападите со беспилотни летала врз руската инфраструктура може да се интензивираат. Тој ниту ја потврди ниту негираше вмешаноста на Украина во напади со беспилотни летала насочени кон објекти на руска територија, но истакна дека таквите операции се „сосема можни“.

„Хипотетички, постои план според кој сето ова се случува“, рече тој. „И верувам дека овој план ги вклучува сите главни објекти за критична инфраструктура и воена инфраструктура на Руската Федерација“, рече шефот на ГУР.

Според шефот на одбранбеното разузнавање, бидејќи Русија постојано учи од своето борбено искуство, постои тренд кон уште поголема употреба на беспилотни летала на и над украинските боишта.

Тој нагласи дека Украина ги држи своите позиции во воздухот над линиите на фронтот.

„Токму во беспилотните системи сме повеќе или помалку еднакви“, рече Буданов.

Тој нагласи дека сега просечните Руси конечно ја гледаат реалната слика на војната. Гледаат запалени магацини за нафта, уништени згради во фабрики и погони. „Сето ова е од корист“, истакна Буданов.

Истовремено, тој ја истакна потребата од поголема поддршка од Западот. Според него, артилериските системи и хаубици се на врвот на листата на потреби, а на Украина и треба „нагло зголемување“ на снабдувањето со ткви системи, без разлика на нивната старост и тип.

Муницијата е исто така од витално значење, рече тој, бидејќи „гранатите се еден од најодлучувачките фактори во оваа војна“.

„Не толку квалитетот колку квантитетот“, додаде тој.

Буданов, исто така, истакна дека сака да види авиони за копнени напади како американскиот А-10 во украински раце.

„Тоа е она што навистина може да помогне да се нанесе воен пораз“ на Русија, рече тој.

Подготви: Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР)Кирило Будановруска агресија врз Украина
Next Post

Богоев: Од денес камионите со стока кои увезуваат или извезуваат во Србија се мерат само еднаш

НАЈНОВО

Хуманитарна помош од Италија и Грција од авиони исфрлена во Појасот Газа

August 9, 2025

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за скандалот во Демир Хисар

August 9, 2025

Промоција на книгата „Калиграфи на филмското писмо“ од Влатко Галевски

August 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина новинарката Јулијана Тануровска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори – шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk