Според изјавите што ги дава лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, тој не подлегнал на притисоците и понудите на албанската опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на Косово да биде претседателски кандидат на опозицијата.
Во изјава за МИА, Таравари откри дека опозицијата разговарало со него за да биде претседателски кандидат, но тој им кажал дека не е заинтересиран.
Претходно, во изјава за косовската национална телевизија, претседателот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами изјави дека е разговарано Таравари да биде кандидат за претсдател и рече дека тој се сметал за соодветен кандидат Албанец.
Ваквата негова изјава, сепак беше дементирана веднаш од Таравари, кој со ова го откачува опозицискиот блок и покажува дека тој и неговата партија се насочени кон Европскиот фронт и европската иднина на земјата.
Д. Е.
Поврзано: