„Конечниот изглед на офицерскиот дом се разбира дека факт е и она што го направи општина Битола во последните 2 години со партерното уредување на офицерскиот дом, го врати сјајот не само на главната улица на корзото туку и сјајот на офицерскиот дом“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на емисијата „Актуел“ на ТВ Тера.
Таа додаде дека не памети офицерскиот дом да нема настан од кога е отворен од кога е активен.
„Ги поттикна и младите уметници да творат, да имаат концерти и оние поискусните за тоа што на уметноста само и треба простор да делува простор да твори и на уметниците и на самата уметност. За тоа верувам дека секое вложување во објект од културата и во културата воопшто навистина претставува голем влог во иднината. И токму затоа ваквото заокружување на оваа споменична целина и со сето тоа зеленило што го има околу парк ќе го дозаживее овој простор и нема повеќе да биде ниту паркинг, и ќе добие многу поубава и поразлична слика на тој дел од градот“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.