По долгогодишна пауза, Младински обравозен форум (МОФ), повторно нуди можност за Универзитетско дебатно искуство во рамки на Дебатната програма на организацијата.
Под слоганот „Приклучи се во дебатниот клуб на Младински образовен форум и отвори го умот за нови перспективи!“, МОФ отвора повик за пријавување во студентски дебатни клубови кои ќе се формираат на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Филозофскиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
МОФ ќе организира бесплатни обуки, кои ќе бидат отворени за студенти од сите факултети. Дебатните клубови ќе го следат British Parliamentary (BP) дебатниот формат или Британска парламентарна дебата – универзитески формат кој е најчесто дебатиран во светски рамки.
Сите заинтересирани може да се пријават до 15.02.2024 со пополнување на формуларот достапен на следниот линк: https://forms.gle/4cKAiMeYfQWHkhcf9
МОФ е младинска организација која од 1999 година овозможува образование за компетитивна дебата и критичко размислување.
Оваа активност е дел од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Британската амбасада во Скопје.