ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Продолжува руската пропаганда за Косово; Во Албанија се заоструваат критериумите за доделување лиценци за игри на среќа; Албанците во Македонија се „мртов“ политички фактор

February 2, 2024 13:02
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролката за надворешни работи на Русија, Марија Захарова  дезинформира дека институциите во Приштина „сакаат“ да ги избришат трагите од присуството на Србите и да го албанизираат нивниот идентитет, пишуваат косовските медиуми.

Во Албанија, заострени се критериумите за компаниите кои ќе имаат корист од лиценцата за игри на среќа, а воведен е и систем на бодување за рангирање на конкурентските компании, известуваат албанските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Газета Експрес- Руската пропаганда продолжува: Захарова дезинформира дека „православните цркви на Косово немаат заштита“

„Портпаролката за надворешни работи на Русија, Марија Захарова  повторно се занимава со дезинформации за Косово.

На 31 јануари Захарова овојпат се занимаваше со новинарите со српските цркви во Косово, дезинформирајќи дека институциите во Приштина „сакаат“ да ги избришат трагите од присуството на Србите и да го албанизираат нивниот идентитет, кој го имаат со векови.“, пренесе Газета Експрес.

Телеграфи: Амбасада со скратени податоци, не се знае кои се дипломатските претставници на Косово

Безвизното движење за Косовците значително го зголеми бројот на патници кои патуваат во земјите ширум светот, како и потребата да бидат поинформирани за амбасадите на Косово во земјите домаќини, особено во случај на можни потешкотии.

За четири специјални канцеларии на Косово во четири земји воопшто нема податоци кои се дипломатските претставници, ниту пак за конзулат.

Во меѓувреме, во три амбасади сè уште стојат имињата на минатите амбасадори. Истото и за шест конзулати, каде се уште се појавуваат имињата на поранешните конзули, пренесе Телеграфи.

АЛБАНИЈА

Јава Њуз –  Се менува законот за коцкање, се заоструваат критериумите за доделување лиценци, се воспоставува систем на бодување

„Министерството за финансии подготви нов предлог-закон за коцкање, каде пред Комисијата за економија во Собранието презентираше одредени измени.

Заострени се критериумите за компаниите кои ќе имаат корист од лиценцата, а воведен е и систем на бодување за рангирање на конкурентските компании. Исто така, во комисијата за лиценца ќе бидат додадени членови кои оценуваат барања од субјекти.“, пренесе Јава Њуз.

Балкан Веб: Кој ќе работи?! Населението над 65 години ќе претставува 80% од работната сила во 2070 година

„На Албанија ќе и биде многу тешко во наредните години да им понуди достоинствен живот на пензионерите.

Во 2023 година, Албанија имаше возрасна група над 65 години како 25% од работната сила (15-65 години), на споредливи регионални нивоа. Но, неповолните демографски движења ќе значат дека во 2070 година возрасната група +65 ќе биде дури 80% од работната сила (15-65 години), оценува Меѓународниот монетарен фонд во последниот преглед на договорот со Албанија, пренесе Балкан Веб.

КОЛУМНА

ШќипМедиа: Македонските Албанци се ‘мртов’ политички фактор!

„За душегрижниците кои ме советуваат да внимавам со критиките дека ќе можам да го изедам куршумот во глава? Мојот страв од тој куршум е покриен со тагата што моите деца и внуци живеат во средина каде што „мафијашите“ од ДУИ можат кога сакаат да ги компромитираат со смислување на некое криминално „дело“.

И оваа мизерија е она што ги наведува родителите овде да ги повикаат своите деца да ги напуштат населбите со две реки, каде што и човек расте ако го засадиш, и да одат што подалеку во Македонија, што подалеку од ова место каде што Албанскиот политички фактор почина поради временските неприлики.“, пишува авторот Ким Мехмети во колумната „Македонските Албанци се „мртов“ политички фактор!, објавена во ШќипМедиа.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Мицкоски да го покаже планот за евроинтеграциите, европска Македонија друга алтернатива нема

Најново

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026
Фото: Министерство за култура

Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk