ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Пораст на заболени од грип – многу висока активност на вирусот во Ресен, Кавадарци и Кратово

February 2, 2024 09:28
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повторно е регистриран пораст на заболени лица од грип во државата, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во три извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во осум сезонска, во 12 средна, во Дебар – висока и во три – Ресен, Кавадарци, Кратово – многу висока активност на вирусот на грип.

– Во текот на четвртата недела од 2024 година од 22 до 28 јануари, во Република Северна Македонија се пријавени 1.834 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 9,5 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со четвртата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,1 пати, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Во текот на четвртата извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнале 67 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и Ковид-19 (SARS-CoV-2).

– Притоа, детектирани се 20 позитивни случаи на Influenza: 14 Influenza А(H1)pdm09, 2 Influenza А(H3), 3 Influenza А – несубтипизиран и 1 Influenza B – неодредена линија. Регистриран е еден пациент со SARS-CoV-2, пишува во извештајот.

Во однос на возрасната дистрибуција, 982 лица се на возраст од 15 до 64 години, 342 се деца на возраст до четири години, 256 се деца на возраст од пет до 14 години и 254 случаи се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

Заболените се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 238, Битола – 196, Кавадарци – 184, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 150, покажуваат податоците.

– Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 20 и 36 години од Скопје и Демир Хисар, кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети – хематолошки, кардиоваскуларни, обезитас и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 7.009 , според податоците на Институтот.

Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 37,3 проценти, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 26,1 отсто.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

Заклучно со четвртата недела од 2024 година, во Република Северна Македонија, вакцинирани се вкупно 61.543 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

Tags: вирусгрипзаполени
Next Post

Џошуа Шулте - хакерот на ЦИА кој му даде информации на Викиликс, осуден на 40 години затвор

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk