Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на седницата одржана на 25 декември 2023 година, врз основа на примена жалбa од „ВМРО ДПМНЕ“, ja донесе следната: ОДЛУКА Комисијата за жалби со мнозинство гласови се согласи дека Фронтлајн.мк во објавата со наслов „ПОВЕЌЕ ОД СКАНДАЛ! Додека Мицкоски најавува преговори со проруската Левица, неговата портпаролка го дотепа – било нормално да не сакаат влез во ЕУ“, ги прекрши членовите 1, 13 и 14 од Кодексот на новинарите на Македонија.





