ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Подобро на пат кон Европа, одошто да ги слушаме лагите на „возвишениот“ властољубец

February 5, 2024 13:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Луѓето во политика обично за своето властољубие непрекинато измислуваат возвишени причини во кои никој не верува. Христијан Мицкоски, главен опозиционен лидер, да речеме, за себе, сигурно би рекол дека е херој. Сигурен сум дека за себе би рекол дека има и мисија. Нему, лично, му посакувам сè најдобро: измеѓу другото и во тоа да не успее заради она кое Груевски го постави за лидер на ВМРО-ДПМНЕ: партијата што ја зароби и упропасти земјава за децении.

Пред некое време – а оваа лична инвектива до сега не сум ви ја кажал – седнав во кафана со двајца локални типови. Лудо се забавуваа во шегите на моја сметка. Им велам јас нив: лесно е да се заебавате над чесен човек што не посакал власт и државна работа, и уште им реков дека заради тоа ќе им биде жал кога ќе умрам.

Ќе ни биде жал жими qурац, ми велат тие: кога ти ќе умреш, таа вечер ќе се напиеме, измеѓу две ракии ќе се присеќаваме на твоите телевизиски анегдоти со кои настапуваше, утрото ќе станеме и мамурни ќе одиме на работа – и тоа ќе биде сè.

Луѓе кои се лишени од автоиронија, а посебно оние кои претендираат на високи функции по секоја цена, ги сметам за нетолерантни; тоа се луѓе кои не можат да го прифатат Другиот, вака најблаго речено. Постојат луѓе кои во секоја прилика зборуваат како да го диктираат својот тестамент: прават долги паузи измеѓу зборовите, небаре помеѓу нив треба да помине воз за Јегуновце; го нагласуваат секој слог; со смртна сериозност ја поттцртуваат секоја тривијалност, секое општо место им звучи како да се пораѓаат. Има луѓе, има писатели кои, низ историските епохи се движат како што се движат низ својата дневна соба – од Османлиите до Австриското царство, како од фотеља до тросед; како тука за нив да нема никаква тајна, како самата историја да им шепоти на уво.

Не им верувам на луѓето кои се во „близок однос со историјата“, со „традицијата“ уште помалку: моите историјата непрeкинато ја трпат и поднесуваат, оние кои со историјата се во блиски односи, оние кои ја чекаат историјата, тоа чудовиште кое низ нив треба да пројде. Има луѓе, има писатели кои, за време на својот живот ги „шмирглаат“ своите бисти и ги посетуваат парковите во кои тие бисти треба да бидат посадени. Таквите, ви реков погоре, нетрпеливи се.

Но уште полоши од таквите ми се оние политичари кои се занесуваат дека имаат мисија. Тие кои еден ден зборуваат едно, а следниот ден сосема друго. Го знаете она: се изнајадов гомна само за да ја грабнам власта, а сега со таа моќ ќе остварам големи, возвишени цели. Како да не постои човек на светот што не знае што значи власт (а посебно десничарска, конзервативна власт): секс, пари и моќ. Односно како што примети Вуди Ален: сè на светот има врска со сексот. Освен самиот секс – што претставува прашање на моќ, а не на секс.

Да сакаш власт значи тоа: сакаш моќ, секс и пари. Па, сепак, луѓето за своето властољубие непрекинато измислуваат возвишени приказни во кои никој не верува.

Христијан Мицкоски, да речеме, за себе тврди дека има мисија и претставува херој. Човекот патува дома и низ дијаспората за да убедува гласачи со: „Вие мора да гласате“; практично им наредува: „Вие мора да ме гласате мене“. Реков погоре, лично му посакувам сè најдобро, долг живот и многу здравје, а најмногу му посакувам да не го оствари тоа за што Груевски го инсталира на наместен конгрес во Валандово: повторно да ја киднапира земјава, а од институциите претвори свинска прчија во кој мала група на луѓе ќе одлучува за сè.

Работите, за среќа или за жал, многу се поедноставни и попрагматични. Ќе ја земеме Хрватска за пример. Имено, зачленувањето на Хрватска во Европската унија, на земјата ќе ѝ донесе 20 милијарди евра за шест години. Поточно, од 2020 година до 2026 година, на Хрватите Европската унија ќе им даде повеќе од 20 милијарди неповратни сретства. Од 2020 година до 2030 година, Хрватска ќе го стигне 75% Европскиот просек, а некои аналитичари велат дека ќе го надминат и тој просек благодарение на нивното членство во Европската унија.

Дури 70% од Хрвтската економија во јавните инвестиции се финансира од парите на европските фондови, а за последните 10 години, Хрватска добила повеќе од 10 милијарди евра, живи пари. Од друга страна, Ковачевски, кој е очигледно популарен помеѓу Европските лидери, нашата интеграција ја смета, со право, негов најголем национален успех за Северна Македонија. „Малата сила“, зборувајќи со „политиколошки“ речник, малата земја Македонија денес има многу поголемо влијание отколку што би се земало во предвид нејзината големина, благодарение на разумната политика и јасниот правец, без големи зборови, без нааканост, без некакви патоси.

Северна Македонија мора да се движи кон Европската унија, без големи историски оптеретувања, занесувања од типот „ние имаме историска мисија“. Оти секогаш кога сме имале во минатото „историска мисија“, секогаш не сме пропуштиле шанса да засереме јако и глупаво! Само мирно, паметно и разумно, тоа ми се чини дека е (нај)добар однос кон работите и појавите.

Ништо не делува така ефикасно и проевропски како самиот влез во Европската Унија. А за тоа треба трпение за кое верувам дека на крајот ќе се исплати. За сите.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk