ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери: Треба повторно да се разгледа одлуката за намалување на платите во ФЗОМ

February 6, 2024 09:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Техничкиот премиер Талат Џафери одржал координативна средба со претставници на институциите за да се согледаат причините за штрајкот во Фондот за здравствено осигурување. Во интервју за МИА Џафери вели дека треба повторно да се разгледа одлуката со која се препорачува намалување на платите на вработените во ФЗОМ.

-Веќе имавме координативна средба со институциите за да согледаме од каде потекнуваат причините за тоа. И секако институциите добиваат соодветна критика зошто дошле во ситуација по пат на јавен искажан став, преку протести и штрајк, да се дојде до право коешто е стекнато со определени одлуки, и веројатно тоа е оставштина од начинот на менаџирање на соодветните институции кои се надлежни по односните прашања, изјави Џафери.

Посочува дека треба да се доразгледа во кој дел одлуката е спорна и зошто требало да дојде до штрајк.

-Во однос на ФЗОМ е последица на Законот односно одлука која што ќе треба да се доразгледа, во кој дел е спорна и зошто требало како резултат на одлука за методологија на определување на бодови на обезбедување на платите… за да се дефинира точно каде е изворот на тоа и таму више да се попречи институционалниот аспект на изворите на таков излив на незадоволство. Значи да сме на чисто, рече Џафери.

Нагласува дека правото на штрајк е неспорно и право обезбедено за секој, но оти институциите имаат обврска да ги спроведат своите обврски за да не дојде преку штрајк да се остваруваат одредени права.

Вработените во Фондот за здравство штрајкуваат поради препораката на Владата за намалување на платите за 21%. Од Владата побараа на денешната седница да го повлече предлогот даден до Управниот одбор за намалување на платите.

Во врска со штрајкот на студентите, Џафери рече дека „бирократското однесување“ на некоја институција, придонело да има задоцнета исплата.

– Очигледно е дека по однос на студентите што најавија, бирократското однесување на некоја институција, допринело да се има доим на задоцнета исплата на она што е законска определба. Што значи некој не си ја вршел својата работа нагоре и тоа ќе треба да го дефинираме и соодветно човечки да се укаже таков начин на функционирање не дозволив и нема да го толерирам, со соодветни методи на контрола и надзор над работата на членовите на Владата и на институциите коишто се обврзани на Влада, рече Џафери.

Tags: Талат ЏафериФЗОМштрајк
Next Post

Снежна бура го парализираше источниот дел на Канада

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk