ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Поставувањето камери на сите гранични премини ќе бииде реализирано во првиот квартал од 2024 година

February 7, 2024 13:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Целта на воведувањето на Националниот едношалтерски систем е поголема конкурентност на нашите компании и олеснување на процедурите за транспорт, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната промоција на проектот за едношалтерски систем.

-Често сум имал средби со транспортните компании кои ги користат граничните премини и се отварало прашањето за побрз проток на возила и патници, а нашите компании да бидат поконкурентни, а товарот побрзо да стигне на европскиот пазар. Токму затоа министерството за транспорт и врски е максимално вклучено во овој процес преку реализација на тендери кои ќе овозможат побрза имплементација на системот, додаде тој.

Бочварски појасни дека за имплементација на овој проект значи синхронизација на 16 институции, а вредноста на тендерот е 54-ипол милиони евра. Една од компонентите е реализација и избор на изведувач во вредност од еден милион евра за поставување на камери на сите гранични премини, кои ќе овозможат полесно препознавање на таблиците и побрза комуникација меѓу совтферите и работата на граничните премини.

– Реализацијата е планирана за првиот квартал во 2024 година и ќе олесни многу во животот на граѓаните и компаниите, додаде Бочварски.

Тој посочи дека вториот дел од задачата на Министерството за транспорт и врски е инсталција на интелигентен транспортен систем по коридорот 10, од Богородица до Велес, додека пак втората фаза е од Велес до Табановце. Исто така ќе се работи и на Коридорот 8 за олеснување на протокот стои и патници.

– Паралелно работиме и на рехабилитација на сите патишта кои водат кон граничните премини и тоа Крива Паланка- Деве Баир и Скопје-Балце, потоа од Струга до Ќафасан и Битола-Меџитлија, бидејќи тоа е првата слика која граѓаните ја гледаат кога влегуваат во нашата држава, а овие политики и мерки ќе донесат олеснување за нашите компании.

Tags: Благој Бочварскигранични премини
Next Post

Ивановски: Енергетските компании кои сакаат да инвестираат во Македонија се светски гиганти, со инвестиции во САД и ЕУ

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk