Не го одобрив разрешувањето на директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ, кое го направи министерот за здравство Фамир Меџити, рече денеска во изјава за медиумите Димитар Ковачевски, поранешниот премиер и претседател на СДСМ. Тој денеска со министерката Јованка Тренчевска, беше на состанок со претставници на Сојузот на пензионери на Македонија.
„Тој ја разреши без да образложи. Даде едно срамно образложение дека ја разрешил со оглед на тоа дека немала сертификат за англиски јазик, а таа е врвен доктор, светски познат која што има завршено на Кембриџ, така што од тој аспект не би ги коментирал разрешувањата“, рече Ковачевски, како одговор на новинарско прашање.
Тој кажа дека со Меџити имале несогласувања околу кадровските промени и потенцираше дека треба да се видат сите разрешувања како се правени.
Стевановиќ, по 7 години директор на Инфективната клиника во Скопје, на 30 јануари беше разрешена. Министерот за здравство Фатмир Меџити на нејзината досегашна позиција – медицински директор, го постави д-р Фадил Цана.
Во јавноста има голем број реакции околу смената на Стевановиќ, која раководеше со клиниката во еден од најтешките периоди за здравството, за време на пандемијата со ковид.
Извор: Мета.мк