ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Незири: Имаме обезбедено мнозинство за именување на новите министри, вчерашниот собир на АА во Куманово не беше легитимен

February 9, 2024 13:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Координаторот на пратеничката група на Алијансата за Албанците, Аднан Незири на денешната прес-конференција во Собранието истакна дека имаат обезбедено мнозинство за гласање на новите министри за здравство и информатичко општество и администрација, Илир Демири и Наим Бајрами на  местото на досегашните министри Азир Алиу и Фатмир Меџити.

-Да, имаме мнозинство и ова работа денеска ќе биде завршена, рече Незири и посочи дека целата процедура ќе зависи од обраќањата на пратениците.

Коментирајќи го вчерашниот собир на Алијансата за Албанците во Куманово свикана од претседателот Арбен Таравари, Незири нагласи дека тој собир не бил легитимен врз основа на Статутот на партијата. Потенцира дека од информациите кои ги поседуваат на вчерашниот состанок имало помалку од 40 членови, а не 75 членови како што кажаа вчера на состанокот.

-Тие не се реални, затоа што и и тој настан не беше Собрание, зашто се знае врз основа на Статутот тоа може да го свика претседателот на Собранието на партијата и има рок од седум дена. Легално Собрание на Алијансата за Албанците ќе биде тоа свикано за в сабота во 13 часот во Скопје. Тоа е легално  и процедурално врз основа на Статутот и правните процедури, рече тој.

Незири нагласи дека партијата не е поделена, туку претседателот на партијата е поделен од партијата, затоа што, како што рече, неговата комуникација не била врз основа на процедурите и правилата што се бараат во партијата.

-Не се зборува за печат, тоа е техничка работа. Партијата има органи и органите не беа почитувани, затоа што комуникација врз основа на статус на Фејсбук не е реална комуникација и комуникација што треба  да се реализира врз основа на Статут и други обврски што ги има претседателот на партијата. Во Централното претседателство имаше една одлука од партијата за која требаше тој да контактира и со Централното претседателство и врз основа на тие реални потребни реални процедури се носат некои работи, а не преку Фејсбук. Партијата не комуницира со Фејсбук статус. Има органи, тоа е колективна одлука, заради тоа и постојат органите на партијата – Централното претседателство и другите органи, рече тој.

Според Незири, нема да има две Алијанси, заради тоа што, како што рече, ќе има Централно претседателство легално и на тоа ќе се одлучува дека има само една Алијанса, а грешката што ја направил претседателот е обврска на тој што треба да дава одговорност, односно отчет.

На новинарско прашање дали на утрешното Собрание ќе бараат од Таравари да даде оставка, Незири рече тој треба да присуствува како член на партиското собрание и да даде отчет. Ако не дојде утре, рече тој, тоа ќе биде на негова одговорност и посочи дека тој има обврска да присуствува оти е член на Собранието на партијата.

Крилото на Таравари вчера одржа, како што тој претходно најави консултативен состанок на Централното собрание во Куманово. По завршувањето на состанокот Блерант Рамадани изјави дека 75 претставници на партиското тело му дале поддршка на Таравари за коалиција со албанската опозиција.

– Како што и вие бевте сведоци сега се реализираше состанок со претставници на централното собрание каде беа присутни 75 претставници на централното собрание и сите едногласно гласаа и потпишаа исто така за да му дадат целосна поддршка на претседателот да ја реализира оваа коалиција со албанската опозиција, сѐ со цел еднаш после 20 години ДУИ да помине во опозиција, рече Рамадани.

Во изјавата Рамадани потсети на иницијативата иницирана од претставници на централното собрание каде преку декларација му се дава поддршка на претседателот Таравари за коалиција со албанските политички партии, со цел како што рече, ДУИ да биде опозиција. Втората точка од декларацијата, додаде, е давање поддршка на претседателот, партијата после изборите да биде проевропска и во насока на политиките на САД.

Tags: Аднан НезириАлијанса за Албанцитеразрешувања
Next Post

Конференција за борбата против насилството врз жените во политиката: Од предизвик до промени - Стратегии за зголемување на политичкото учество на жените

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk