Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за само десет дена функционирање на техничката влада во својот кабинет зел 16 советници од МВР и две лица ангажирани од надвор, се вели во Извештајот од изборниот мониторинг на Цивил.
Како што беше соопштенено на денешната прес конференција на Цивил, ваквиот потег е невообичаен, имајќи предвид дека мандатот на министерот, а со тоа и на советниците е само 100 дена.
„Министерот за внатрешни работи во редовниот состав имаше се на се шест советници, вклучувајќи го и шефот на кабинетот. Сега гледаме еден мега кабинет, што е чудно и мистериозно како ќе функционира“ рече Џабир Дерала од Цивил на прес-конференцијата.
Ваквиот потег на Тошковски е изненадувачки, имајќи предвид дека задачите на техничкиот министер е спроведување на изборите.
Поврзано: