РИСТО ЏАНГОВСКИ
Стојам пред Зур. У сусрет ми иде муштерија за шупчење.
Шо да го шупчам, шо да го шупчам…? Ми текна. Идеме!
– Ооооо Спасе, кај си ти? Се изгуби ко даљински.
– Еве бе, комуњариште. Да испазарам нешо до Зур. Имале попуст на Пилешка на Птуј.
– Јеботе, Пилешка ќе кркаш?
– Е не, ко вие шо се раните со пршут и Шарски. Лесно ти е тебе со 60.000 пензија.
– (се смешкам и размислујам: му останало у меморија претходното шупчење. Добро шо не му кажав за колку месеци) Ахам, супер.
– Ти шо праиш?
– Шо може да праам…шеткам ваму-таму…бев до СОЛУН, у Анталија а сеа за 8-ми Март ќе ја носам Дотка у Милано…
– А пасош?
– На време си извадив (успут, 12 години не Вадам пасош)
– А лична карта извади?
– Ехееее, уше у ноември…сеа чекам уше…
– Шо уше?…Налепница за таблица?
– Ма јок. Парите!
– Шо бе парите?
– Спасе, уморен сум ко шерпас…знаеш колкав е редот? Ти завидујам шо ги немаш.
– Чек бе, чек…објасни убо. Шо е со парите.
– А бе ти, нели немаш пари? Шо му се секираш?
– А бе иам нешо малку.
– Ако ми кажеш колку точно имаш, ќе ти кажам како да ги спасиш.
– Добро бе, добро…иам околу милион.
– Денари?
– Е не евра, тибам комуњариштето….ај сеа кажуј.
– И тие треба да се сменат до 12. февруари…редот пред Народна банка денес беше до Ѓорче…Еве, јас ги сменив овие двеилјадаркиве (му ја покажујам банкнотата од фоткава подолу)…овие другиве сеуште не се отпечатени…ситни се
– (избезумено) Аииии, чом одма!
– Чекај бе Спасе.
– А бе тие ми се за да ме погребат моите.
– Спасе бе, многу пари за погреб…Тито да не си?
– Одаааам!
– А бе чекаааај…чек да ти кажам.
– Шо да чекам море? Ако не ги сменам, ќе им се смирисам…ќе немаат да ме погребат.
– Отидов.
– Има решение бе. Отиде! …А сакав да му кажам да ги стаи на трансакциска, ако не успее да ги смени, па да му купат фрижидер за дубоко.