Палестинскиот претседател Махмуд Абас пристигна во Доха каде со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани ќе разговара за обезбедување примирје во војната во Газа.
Палестинската новинска агенција ВАФА јави дека Абас денеска ќе се сретне со Ел Тани, но не се соопштува дали ќе се сретне и со лидерите на Хамас. Хамас долго време е во судир со Абас и неговата група Фатах со седиште на Западниот Брег.
Палестинскиот претседател со емирот на Катар ќе разговара и за билатералните односи меѓу двете земји и начините за нивна поддршка и унапредување.