Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, на прес-конференција истакна Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.
Тој вели дека со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата.
Во меѓувреме, истакнува Каевски, граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот.
„Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму. За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание. Наместо да се шири паника меѓу граѓаните и со неодговно однесување на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада да се создава дополнителен хаос, сите политички партии да го поддржат овој предлог“, рече Каевски.