ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска на средба со претставници со „ЛОМ-Прага“: Навремената испорака на хеликоптерите која ќе се реализира оваа пролет е добар знак и ја потврдува добрата соработка и позитивни релации меѓу нашите две земји

February 13, 2024 13:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во воздухопловниот ВИНГ оствари средба со извршниот директор на Воздухопловно-ремонтниот завод „ЛОМ-Прага“, Јири Протива и со амбасадорот на Чешката република Јарослав Лудва.

„По долги години имаме партнер за соработка кој ја гарантира оперативноста и одржувањето на нашите воздухоплови. Ние сакаме опрема која ќе биде оперативна и токму благодарение на двата договори влада со влада, за ремонт, за набавка на резервни делови и за обука на персонал за одржување на воздухопловите сега имаме партнер на кој можеме да се потпреме“, истакна министерката Петровска.

Таа ја потенцира важноста од исполнувањето на договорот што ќе значи и подигнување на капацитетите на Воздухопловниот ВИНГ.

„Навремената испорака на двата хеликоптери е добар знак и ја потврдува добрата соработка и позитивни релации меѓу нашите две земји. Реализацијата на овој договор претставува позитивен пример за продолжување на нашата добра одбранбена соработка“, рече Петровска.

Извршниот директор на „ЛОМ-Прага“, Јири Протива најнапред упати благодарност за денешната средба и потенцира дека двата договори се исполнуваат во целост. Тој додаде дека испораката ќе биде навремена и во следните фази согласно договорите е и обука на персонал за одржување на воздухопловите.

Амбасадорт Лудва на средбата потенцира дека двете страни од самиот почеток работеа напорно за да се реализира овој проект со цел  да се стигне до финалната фаза.

На денешната средба во Воздухопловниот ВИНГ присуствуваа и државниот секретар во Министерството за одбрана, Владимир Анчев, Конзулот на Чешката Република Давид Чернохорски, командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски и претставници од Министерството за одбрана и Воздухопловниот Винг.

Двата договори потпишани Влада со Влада придонесуваат за системски да се решат предизвиците и истите овозможуваат брза и навремена испорака на резервни делови потребни за целосна функционалност на воздухопловите на македонската Армија. Испораката на двата ремонтирани хеликоптери ќе се реализира во првата половина на 2024 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Министерство за одбранахеликоптери

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Студентите со нови тактики во трка со српската жандармерија, блокади низ цела Србија

July 4, 2025

Русија стана првата земја што го призна талибанското раководство во Авганистан

July 4, 2025

Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концертна промоција „FIN Project“ и Тања Царовска на албум „Егрегор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk