ВЛАДИМИР КОЧОВСКИ
Звукот на патентот значеше дека и последната торба е затворена.
Ја возачка земав малце на сила, немав интерес за кола ама никако, ова беше моето прво патување надвор од Скопје.
Од дома мајка ми истури вода
– Ај со среќа…
Крани беше дестинацијата.
Никад не сум возел, путот не го знам а пошто гледам напред ги утињам и знаците.
Тргнав рано сабајле ко да поаѓам за Истанбул.
По пут на првата рачва одма паника – право или лево?!
Возење по строго пропишана брзина која ја пишувше на знаците.
Позади мене колона ко на свадба да идат.
Првата шанса да го утнам путот ја искористив.
Вртев кругови и некако, поише на среќа, излегов на аутопут.
Ако имаше шлепер пред мене ја на првата ширинка застануав и палев цигара.
Неможам да го претицам и онака.
По пут влегов у сите градови…да бе, да по грешка нема ваљда намерно.
Неготино, Кавадарци,…абе у сите кај што шупак ко ја може да се заебе.
У Кавадарци вртев два круга и не можам да излезам.
Застанав пред една пиљара, пред неа седат луѓе и пијат.
– Извините…абе ако може да ми кажете како да излезам од Кавадарци.
– Е да а ебам мама му…само терај лево, лево и оп на автопато си…
– Фала многу
Лево, лево и оп…пак пред пиљарата
– Дечки ја…
– Аман бе, промаши го а?!
– Па…изглеа чим пак праиме муабет да…
– Ај, вози позади мене…е од тука си на автопато.
– Фала многу!
И така у уште неколку града…само Ресен го утнав…касно ја видов таблата.
Конечно табла Крани.
Застануам пред рецепција.
– Добар ден.
– Добар ден…вие сте Владимир Кочовски?
Ја се мислам…не сум отпеал некоја песна, не ме имало многу по телевизии ама ваљда ме запамтил по нешто па као малце се курчам.
– Да, да, ја сум.
– А бе татко ти те бараше десет пути…рече да му се јавиш, еве ти го телефонот и врти, бајаги насекиран беше…
– Што напраи бе синко?
– Епа толку е, ова стоеден е.
– Па боље пешки да идеше…ај убао да си поминеш.
Ја не знам колку време прошло, ама тие што тргнале два саата после мене више се мачкаа со кисело млеко, изгореле на плажа, се спријателиле меѓу себе.
Цела ноќ ме болеа руки од што сум го стискал воланот, абе страшна траума.
Моите ми рекоа да им пратам разгледница од таму…и пратив…ама стигнала пред ја да си дојдам.
– Наставиче се…