Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Го видовте театарот што го направи министерот за внатрешни работи Тошковски на ТВ Телма со потпишувањето на документи за време на емисијата која одеше во живо?
Гола пропаганда драги мои.
Не можеше да почека ангажираниот народен министер, не можеше ни режијата да пушти реклами, туку тоа мора народ да го гледа бре!
Ете така се прави – на емисија во живо: као спонтано, као во служба на граѓаните 24/7, као неуморно се работи… као вмронштина.
Онаква, од најсуптилните популистички вмровски методи што ги гледавме за време на режимот на Груевски.
Се сеќавате Грујо пред камери, директно од терен како ги командуваше по телефон директорите „решавајќи“ ги проблемите на граѓаните што нели случајно ги сретнал на улица: „Ало, Миле, види ова за човеков да се реши одма!“
Фалеа во студиото уште лопати, фанфари, конфети и сечење на црвена лента кога спонтано Тошковски го доби документот за потпис.
Не знам зошто во емисијата не му постелија и црвен тепих за сликата и грујовата прилика да биде комплетна.
Ќе се изнагледаме вакви сценографии до избори и телевизиите има да им ракоплескаат, ич да не се секирате.
Ќе биде и бал и маскенбал, ќе има и молзење, само цицки ќе фалат за да е врвно риалити шоу.