ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

(ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГОТ НА ЦИВИЛ) Кукасти крстови, нео-нацистички симболи и антисемитски пораки во дворот на две училишта во Кочани

February 14, 2024 13:03
in PMD, АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
КУКАСТИ КРСТОВИ, Кочани (фото Д. Муратов / ЦИВИЛ)

КУКАСТИ КРСТОВИ, Кочани (фото Д. Муратов / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter
  • ЦИВИЛ Мониторинг тимот регистрира голем број неонацистички симболи во радиус од само дваесетина метри во дворот на две училишта во Кочани.
  • Институциите молчат или ја префрлаат одговорноста на други. 
  • Што значат симболите на ѕидовите во Кочани? 

Кукасти крстови, нео-нацистички симболи и антисемитски пораки го „красат“ училишниот двор на основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ и средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани, кои екипата на ЦИВИЛ ги забележа и документира на 3 декември 2023 година. Тогаш започнува ова истражување.

Kochani, nazi symbols

Голем број неонацистички симболи во радиус од дваесетина метри. Кое е нивното значење? 

Во радиус од само дваесетина метри, се бележат десетици симболи на нацизмот, неонацизмот и други екстремистички пораки, во амбиент во кој секојдневно има деца и млади.

Тимот на ЦИВИЛ забележа дека, покрај бројните кукасти крстови и други нацистички симболи ја има и пораката „Fuck the Jews“ (Е** ги Евреите).  Присутен е и пентаграмот, пагански симбол кој, со појавата на христијанството, бил прогласен за сатански.

На повеќе места на ѕидовите во дворот кој го делат училиштата, испишан е и бројот 88. Симболот „88“ нео-нацистите го користат како кратенка за нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“. Буквата Х е осмата буква од латиничниот алфабет, така што 88 = ХХ = „Хајл Хитлер“.

Често, овој број се поврзува со бројот 14, на пр. 14/88, 14-88 или 1488 година; овој број ги симболизира четиринаесетте зборови чиј автор е Дејвид Лејн, истакнат бел врховист: „Ние мора да ја обезбедиме егзистенцијата на нашите луѓе и иднината на белите деца“. Исто така, може да се однесува на друг слоган со 14 зборови: „Затоа што убавината на белата Ариевка не смее да исчезне од земјата“.

Примери за употреба на 88 ја вклучуваат песната „88 Rock ‘n’ Roll Band“ од Ландсер и организациите Колона 88 и Одделение 88.

Нацистичките називи се забранети за здруженијата, фондациите и партиите

Употребата на нацистичките симболи и негирањето на Холокаустот се забранети во најголем дел на демократскиот Запад. Особено строго се забранети во Германија. И Северна Македонија е дел од тие земји.

Во 2022 година, се заострува законската регулатива во овој домен, откако парламентот ги донесе измените на Законот за здруженија и фондации, според кои, клубови, фондации и здруженија. Тие не може да се регистрираат ако со називот повикуваат на континуитет на фашизам и нацизам. Идентични измени беа изгласани и во Законот за политички партии. Законските измени беа донесени со 67 гласа ЗА, без гласови против и без воздржани. Нешто помалку од половината пратеници, иако уредно поканети на таа седница, не гласаа воопшто. 

Нацистичките симболи се забранети во земјата.

Прашања, одговори и молк

На 9 јануари 2024, ЦИВИЛ достави прашања до двете училишта, до градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов и до Министерството за внатрешни работи. Прашањата се однесуваа на тоа дали се запознаени со кукастите крстови и дали имаат намера да преземат нешто во врска со тие нацистички симболи и пораки.

Пет недели подоцна, до објавување на овој прилог на 14 февруати, ЦИВИЛ доби одговор од некои, но од некои и не. За квалитетот на одговорите, нека суди јавноста.

Од СОУ„Љупчо Сантов“- Кочани изјавија дека недлоичните симболи и пораки, испишани во рамки на нивниот дел од дворот и училиштето веднаш биле избришани по посетата на екипата на ЦИВИЛ.

„Во врска со Вашето прашање, Ве известуваме дека од страна на вработениот технички персонал во нашето училиште СОУ„Љупчо Сантов“-Кочани, веднаш штом беа забележани наведените нацистички крстови се отстранети. Местото каде биле истите нацртани (трибините на училишниот двор и спортската сала) истите места се на користење на ОУ „Св.Кирил и Методиј“, Кочани“, се вели во изјавата на средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ за ЦИВИЛ.

Со теренска проверка, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ (на 13.02.2024) утврди дека се избришани дел од нацистичките симболи и пораката „Fuck the Jews“ (Е** ги Евреите) и пентаграмот кои беа испишани на трибината на училишниот двор. Меѓутоа останатите нацистички симболи околу училишниот двор сè уште се присутни.

Нова фотографија: Само еден мал дел од симболите е префарбан во меѓувреме. Останатите десетици симболи сè уште се таму (фото ЦИВИЛ, 13.02.2024)

Од МВР ни одговорија дека досега нема пријава до ОВР Кочани од страна на училиштата и во тој случај полицијата не може да интервенира во однос на нацистичките симболи.

„Полицијата постапува само ако има пријава. Доколку училиштата или некој друг пријави дека има кукасти крстови во дворот на училиштето, во тој случај полицијата може да реагира, но досега немаме никаква пријава“, велат од МВР за ЦИВИЛ.

Од ОУ „Св.Кирил и Методиј“ и градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, до објавување на текстот НЕ ДОБИВМЕ ОДГОВОР.

Ваквите нео-нацистички пораки и симболи не се добродојдени во едно демократско општество какво што е нашето. Меѓутоа, за жал, сведоци сме дека, и покрај законските забрани, институциите и политичарите не преземаат ниту конкретни мерки, а ниту ги осудуваат ваквите појави кои, во најголем дел од демократскиот свет, наидуваат на остра осуда од јавноста и решителни мерки и санкции од институциите.

ЦИВИЛ Мониторинг тим / Цивил Медиа

Tags: антисемитизамекстремизамКочанинеонацизам
Next Post

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Блинкен во Албанија со фокус на европската иднина; Велика Британија со албански рапери ќе прави кампања за мигрантите со гумени чамци; Албанците ќе се враќаат на северот на Косово

Најново

Фото: NASA/Jessica Meir

НАСА: Артемис II ги исполни клучните цели, следува Артемис III

April 21, 2026
Madonna i Sabrina Carpenter. Фото: Скриншот, видео Coachella 2026

На Мадона ѝ исчезнале модни парчиња по настапот со Сабрина Карпентер на фестивалот Коачела

April 21, 2026
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Договорот за крај на војната со Иран изгледаше блиску. Потоа Трамп почна да објавува на социјалните мрежи

April 21, 2026
Фото: Министерство за образование и наука

Во Скопје се одржа настан за ученици по повод Светскиот ден на креативноста и иновациите

April 21, 2026

Филипче: Ако сме трета економија во Европа зошто Владата не ги покачи платите?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk