ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Дерала во „Полиграф“: Дезинформациите прават поларизација, поделба и тензии меѓу луѓето

February 14, 2024 14:51
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

За штетноста на дезинформациите, особено оние кои доаѓаат во земјава од надвор, „Полиграф“ разговараше со Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, организација која има интензивни активности за справување со дезинформациите и странските малигни влијанија.

Полиграф: Кога сме тука кај дезинформациите, на кои теми најмногу среќаваме дезинформации?

Дерала: Може да се каже дека ние на сите теми имаме дезинформации, бидејќи една од целите на дезинформациите, во рамките на хибридните закани или во рамките на пропагандата кои ја вршат одредени центри на моќ, дали во земјата дали од надвор, е да ја разнишаат довербата меѓу луѓето. Значи, да предизвикаат поларизација, омраза меѓу луѓето, недоверба, тензии и исто така недоверба на луѓето во институциите, во тоа што го зборуваат институциите, во тоа што го зборуваат медиумите, во тоа што го зборуваат научните установи, образовните установи…Значи, што е можно повеќе дезинформации за да може да се разгради, да се уништи довербата кај луѓето и тие да почнат да се делат меѓу себе.

Може да биде било кое прашање, меѓутоа, кога се внесува некоја поларизирачка содржина, таа содржина потоа им служи на пропагандите цели или на другите. Тоа, се разбира, во политиката има најмногу дезинформации. Во моментов во нашата земја во тек се жестоки пропагандни активности и дезинформациски наративи кои доаѓаат во врска со војната агресија на Русија против Украина. Се разбира, исто така во регионот, косовско – српските односи се извор на пропаганда и дезинформации, кои потоа прават поларизација, поделба и тензии меѓу луѓето.

 

Полиграф: Како што и кажавте, повеќе време ја следите состојбата со руската агресија врз Украина. Кои би биле вашите наоди за овие странски влијанија и дезинформации коишто доаѓаат кај нас?

Дерала: Странските влијанија, руското малигно влијание во Македонија доаѓа директно, меѓутоа и преки прокси центри, пред се преку Србија. Во Србија имате преку 200 медиуми кои се директни дистрибутери на руските пропагандни наративи кои се преземаат многу лесно од македонските медиуми и, се разбира, и други медиуми во регионот.

Тие наративи кои ги гледаме, кои доаѓаат од Кремљ, од Москва, најлесно е да се видат во медиумите. Меѓутоа, малку помалку лесно, но сепак видливо, е и нивното влијание преку други канали во земјата. Преку политичките партии дејствуваат, знаете, имате и политички партии кои отворено стојат на руска страна, меѓутоа и политички партии кои негираат дека стојат на руска страна а велат дека се про-европски, меѓутоа всушност работат против евроатланските интеграции на земјата. Понатаму, вие имате многу силно влијание која е диктирано од Кремљ и преку бизнисот, образованието, културата, а се разбира, и преку верските заедници. Ние силно влијание гледаме и преку црквата, кое доаѓа токму од Москва и кое влијае многу деструктивно.

Меѓутоа, како што кажав, во медиумите и на социјалните мрежи е највидливо, најлесно се следи и може да се категоризира во малигно влијание, односно влијание кое е штетно и деструктивно.

Интервјуираше: Ера Ѓакова

Извор: СМК

Next Post

Сообраќајна несреќа на преминот Стража, едно лице загина и тројца сe повредени

EVN

НАЈНОВО

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео BBC

Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk