ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Шукова: Саса е пример како треба да се инвестира во животната средина

February 15, 2024 12:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денес беше во посета на рудникот Саса во Македонска Каменица, за кој во финална фаза е  постапката за измена на А – Интегрираната еколошка дозвола, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

При посетата, министерката Шукова, од страна на дел од раководниот кадар на Рудник Саса, претставуван од техничкиот директор Борче Гоцевски, финансискиот директор Максим Наримбетов и раководителот на одделот за животна средина Марија Стојановска, беше информирана за промените во рамки на инсталацијата врз основа на кои е доставено Барање за измена на А – интегрираната еколошка дозвола.

Како што информираа од Рудник Саса, во изминатите неколку години, во овој рударски капацитет интензивно се вложувало во различни области, вклучително и во животната средина. Капиталните инвестиции се во насока на развивање на безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на Рудник Саса и продолжување на „животниот век“ на рудникот.

Во рамките на инсталацијата се имплементирани значителни промени во однос на унапредување на работните процеси со примена на најдобрите достапни технологии и сериозно се вложувало во обезбедување одржлив развој и унапредување на заштитата на животната средина. Она што е највлијателно е промената на методот на откопување со заполнување на празни простори, вклучително и промена на начинот на управување со флотациска јаловина. Тоа подразбира изградба на дополнители објекти потребни за имплементација на новиот проект, промена на начинот на управување со јаловината, изградба на низ нови постојки, како што се станица за припрема на паста со придружни објекти и цевковод за транспорт на засипот, постројка за суво одлагање, реконструкција на магацин за опасен отпад, склад за отпад, нова погонска лабораторија и ред други.

Воведувањето на новиот метод на откопување на рудата и новиот начин на управување со јавовината,  што се во согласност со најдобрите достапни технологии, ќе има повеќекратно позитивно влијание за натамошниот одржлив развој на рудникот САСА, одржување на високото ниво на безбедност,  како и уште повисок степен на заштитата на животната средина.

„Саса е добар пример како треба да се инвестира во животната средина и како со транзиција и примена на најдобрите достапни технологии може да се обезбеди одржливо искористување на природните ресурси и да се обезбеди економски бенефит, но не на штета на животната средина“, истакна министерката Шукова.

Tags: животна срединаКаја ШуковаСаса
Next Post

Внатрепартиската фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk