ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Je suis Navalny: ЦИВИЛ повика на ослободување на руските политички затвореници и одговорност на Путин за злосторствата; протест пред руската амбасада во Скопје

February 19, 2024 16:23
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на ЦИВИЛ денеска пред руската амбасада во Скопје, со протестно писмо по повод смртта на рускиот борец за демократија и човекови права, Алексеј Навални, се обратија до руските граѓанки и граѓани.

Некои од активистите на ЦИВИЛ носеа маички со ликот на Навални и слоганот Je suis Navalny, додека го читаа писмото насловено како „Отворено писмо до граѓанките и граѓаните на Руската Федерација“, пред руската амбасада во главниот град.

„Со тешко срце, жалиме за смртта на Алексеј Навални, лидер на борбата за демократија и човекови права, кој стана жртва на безмилосниот режим на еден геноциден диктатор. Иако телото на Навални подлегна на бруталноста на режимот, неговото наследство живее, овековечено во срцата и умовите на илјадници храбри руски граѓанки и граѓани кои, во чествувањето на неговиот живот, се соочуваат со бруталност и смрт од рацете на руската влада“, се вели во отвореното писмо на ЦИВИЛ.

Претставниците на ЦИВИЛ изјавија дека името на Навални и неговата неуморна борба за демократија и човекови права ќе опстојуваат во срцата и умовите на слободољубивите луѓе ширум светот, како и во Руската Федерација.

Според ЦИВИЛ, одговорноста за смртта на еден затвореник се наоѓа само и само во државата.

„Итно ги повикуваме руските власти да дозволат независна истрага за околностите на смртта на Алексеј Навални во сибирската казнена колонија“, порачува ЦИВИЛ.

Организацијата испорача и неколку барања, како што се ослободување на политичките затвореници во Русија, крај на војната против Украина, и изнесување на Путин пред меѓународната правда.

„Се придружуваме кон барањата за ослободување на сите политички затвореници во Русија! Ставете крај на полициската бруталност и угнетување врз граѓаните! Прекинете ја геноцидната војна против Украина! Прекинете ја хибридната војна против демократските нации! Одведете го Путин пред Меѓународниот суд на правдата да му се суди за неговите злосторства! , се вели во протестното писмо од ЦИВИЛ.

Откако го прочитаа писмото пред амбасадата, во присуство и на новинарки и новинари од две национални телевизии и неколку интернет медиуми, активистите ги ставија пораките во поштенското сандаче на амбасадата.

Една активистка положи и цвеќе, држејќи натпис на кој беше една од славните изјави на Навални:

„Ако решат да ме убијат, тоа значи дека сме неверојатно силни!“

Писмото беше прочитано на македонски, албански и англиски.

На новинарско прашање, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, објасни дека писмото е наменето за руските граѓанки и граѓани, но дека го упатуваат и до руските дипломати во Скопје. Тој повика на поддршка за протестите по повод убиството на Алексеј Навални.

Потоа, Дерала прочита и пораки со познати изјави од Навални.

„Нашата бедна, исцрпена татковина треба да се спаси. Ограбена е, ранета, вовлечена во агресивна војна и претворена во затвор управуван од најбескрупулозните и лажливи никаквеци.“

Алексеј Навални беше руски адвокат кој ја разоткриваше корупцијата и злоупотребата на моќта од страна на рускиот диктатор Владимир Путин и неговата клика. Тој беше главен предизвик за Путин повеќе од една деценија, наспроти постојаниот притисок од властите и речиси фаталното труење со „новичок“ во 2020 година. Неговиот живот згасна на 16 февруари во руската казнена колонија веднаш над Арктичкиот круг.

ЦИВИЛ го одржа настанот пред руската амбасада во Скопје во знак на солидарност и почит кон делото на Навални и крајна осуда на диктаторскиот режим на Путин.

М. Д. / Цивил Медиа

Tags: Алексеј НавалниПротестно писморуска амбасадаЦИВИЛ
Next Post

Одржан првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk