Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Не е техничка туку е преодна, не се технички туку се преодни но сеедно зашто се покажува дека и оваа, како и претходната, е со истите пржински манири, дека ниту им е до обврските премиерски и министерски, ниту до државата, до граѓаните ич и, наместо за работа, пак си се фатиле за медиумите, посрбно за телевизиите и малтретираат и тормозат катадневно во функција на предизборна партиска и себе промоција, па така првиот преоден фалбаџиски и со зурли и тапани се изпонагази кал по селата од детството, тој другиот пасошкиот само ја дозамати кашата од претходниот, овој социјалецот министер ли е, комуналец ли е, ќе расчистувал општински депонии па, кажано во оваа една реченица, и од оваа пржинска ли, преодна ли, техничка, ли, сеедно, ништо небива туку да го фаќаме џадето за ЕУ зашто и со овие – маф ни е.
Преземено: Цивил Медиа