„Во ДПМНЕ гледаме дека нема никаква промена. Едно исто, тоа е истата партија од минатото не се померени ниту милиметар. Нема програма, нема политичка понуда, нема идеа, нема став, не знаат за што се залагаат, само се нешто против. Светски феномени се за немање став“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски при отворањето на изборен штаб во Кисела Вода.
Тој додаде дека тоа отсуство на став, на политика се гледа последните години бидејќи за ниту едно важно прашање, државно, национално, ДПМНЕ немаше став, туку само кочеше и блокираше.
„Тоа го гледаме и деновиве. Се заплеткаа самите не знаат што да прават со себе а не со државата. Ги гледаме нивните градоначалници, за 2 години ниту еден проект не реализираа. Гледаме каков хаос се случува во Скопје. Не само што нема капитални проекти, не само што нема развој, нема елементарен градски превоз“ рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека градоначалникот на Кисела Вода е можеби најактивен со Фејсбук постови, но на терен нема ништо сработено.
„Истите дупки по улиците, истата неискосена трева, истата неичистени и улииц. Истите преполни контејнери. А работи и во сабота. Ама не е работа да седиш во канцеларија по цел ден. Не е работа да потпишуваш листови. Работа е да излезеш и да сработиш“ рече Ковачевски.