„Изминативе денови имаме средби со многу амбасадори, како нормална пракса при смена на раководството на институциите. Утрово имавме средба со косовскиот, албанскиот и пред малку имавме и со српскиот амбасадор. На тие средби бевме информирани дека од нивна страна луѓето можат да транзитираат, но тука ќе напоменам дека со тие земји имаме и билатерални договори за патување со лични карти,“ рече дополнителниот заменик-министер на МВР во техничката влада, Митко Бојмацалиев во емисијата „10 минути“ на ТВ21.
Тој посочи дека дописот добиен од ЕУ, пишува дека ЕК се изјаснила дека нема надлежност да одлучува за индивидуалните постапувања на земјите членки на ЕУ односно дека секоја земја ќе одлучува самостојно.
„Доколку ЕУ и стратешките партнери одлучат и донесат одлука дека со промена на законот нема никакви негативни импликации на патот на Македонија кон ЕУ, измените на законот ќе бидат изгласани,“ истакна Бојмацалиев.