„Лицемерието на политиката особено на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 30 тина години, е нешто што Македонија упорно ја влече надолу,“ посочи Петре Шилегов, член на ИО на СДСМ и поранешен пратеник на СДСМ во емисијата Вин-Вин на ТВ Телма.
Тој набројувајќи имиња на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ , кои изминатиов период извадиле дипломатски пасоши со новото уставно име на државата, го нарече лицемерие. Затоа што како што рече, „во исто време ронат солзи за реалниот проблем на граѓаните, обезбедуваат пасоши за себе, при тоа напаѓајки за името „северна“, посочувајќи дека за се е виновна СДСМ.
„Зошто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ користат врски да вадат пасоши со „Северна“, а потоа ја напаѓаат политиката која ги принудила граѓаните на таа работа. Не велам дека е добра организацијата за пасошите , меѓутоа лицемерие е за себе да извадите пасош, а за другите да тврдите дека не треба. На туѓата мака да креирате политики,“ посочи Шилегов.