ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кандидатурите за претседател на државата финишираат, до ДИК седум изјави за прифаќање иницијатива за собирање потписи

February 23, 2024 07:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатурите за претседател на државата финишираат. До ДИК седум изјави за прифаќање иницијатива за собирање потписи за кандидирање за претседател.

На ден пред почетокот на рокот за собирање потписи за претседателски кандидати и за пратеници, во период од еден час најголемите политички партии ги соопштија своите претседателски кандидати, кои треба да добијат поддршка на партиски конвенции на почетокот на март.

Актуелниот претседател Стево Пендаровски доби поддршка од највисокото раководство на владејачката СДСМ за втор мандат, додека единствена кандидатка пријавена на јавниот оглас на ВМРО-ДПМНЕ е пратеничката Гордана Силјановска Давкова.

Кандидатот на ДУИ го соопшти лидерот Али Ахмети на видео обраќање на социјалните мрежи, кандидат ќе биде актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи.

Претходно, Европскиот сојуз за промени соопшти дека нивен кандидат ќе биде Арбен Таравари, претседател на едното крило на Алијанса за Албанците.

До Државната изборна комисија (ДИК) досега, како што пренесе МИА, се поднесени вкупно седум изјави за прифаќање на иницијатива за собирање потписи за кандидирање за Претседател на Република Северна Македонија. Собирањето на потписи за листи на кандидат за претседател на државата почнува денеска.

Од ДИК синоќа информираат дека тројца од подносителите на изјавите, Вело Марковски, Билјана Ванковска Цветковска и Стевчо Јакимовски, ќе собираат потписи за кандидатура во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија и пред нотари кои самите ги определиле.  ДИК ги објавува листите на нотари каде што ќе се собираат потписите за кандидирање за Вело Марковски, Билјана Ванковска Цветковска и Стевчо Јакимовски, велат од ДИК.

Како што соопшти ДИК, четворица од подносителите, собирањето на потписите за кандидирање за претседател ќе го реализираат во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија: Томе Николоски, Бујар Османи, Господин Поповски и Максим Димитриевски.

Професорката Билјана Ванковска ќе биде кандидат на партијата Левица, од партијата ГРОМ ќе одат со Стевче Јакимовски и ЗНАМ ќе истрча со Максим Димитриевски.

Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува во денеска на 23 февруари и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на ДИК. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг на 8 мај, кога треба да се одржат и парламентарните избори. Изборната кампања за претседателските избори започнува на 4 април, а завршува на 22 април. За парламентарните избори кампањата започнува на 18 април, а завршува на 6 мај.

Ј. Ѓ.

Поврзано:

Губитничката од претходните избори Гордана Силјановска Давкова повторно со Стево Пендаровски во трка за претседателската функција

Tags: ДИКизбори
Next Post

Како да се заштитиме од дезинформациите во изборните кампањи?

Shortcut

Најново

Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk