ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ИЕСЕГ: Санкциите на ЕУ кон Русија „масовно се заобиколуваат“ преку трети земји

February 27, 2024 13:00
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ

Дел од европските производи што се извезуваат во трети земји се пренасочуваат кон Русија и на тој начин „масовно се заобиколуваат“ санкциите воведени од страна на ЕУ кон Москва, се наведува во студија на Институтот за научна економија и менаџмент (ИЕСЕГ) со седиште во францускиот град Лил.

– По воведувањето на санкциите, падот на продажбата на стоки со висок приоритет во Русија од страна на ЕУ, беше проследен со нетипичен раст на нивниот извоз во неколку други земји, се вели во студијата.

Според Институтот, постојат „статистички докази“ дека санкциите на ЕУ масовно се заобиколуваат кога станува збор за „стоки со висок приоритет“ кои се опфатени со рестриктивните мерки, како што се производствени машини и опрема или електрични компоненти, што би можеле да бидат користени и за воени потреби.

ИЕСЕГ посочува дека таквите „статистички докази“ се базираат на податоците кои укажуваат дека извозот на овие стоки од земјите на ЕУ во Турција, Обединетите Арапски Емирати, Казахстан и други „пријателски земји на Кремљ“ во периодот од октомври 2022 до септември 2023 година се зголемил за 2,979 милијарди евра или за 81,55 отсто во споредба со претходните 12 месеци. Во исто време, извозот на овие стоки од ЕУ кон Русија се намалил за 3,231 милијарди евра или за 95,44 проценти.

По речиси целосниот прекин на извозот на стоките за двојна намена од ЕУ во Русија, регистриран е раст на нивниот пласман во Киргистан за дури 1682,47 отсто, во Казахстан за 333,18 проценти и во Турција за 72,45 отсто.

– Растот на овие набавки од трети земји е премногу огромен за да биде целосно резултат на зголемувањето на локалната побарувачка, така што може да се посомнева дека голем дел потоа бил извезен во Русија, се наведува во студијата на ИЕСЕГ.

Директорот за економски анализи на ИЕСЕГ, Ерик Дор смета дека со овој реекспорт на стоки веројатно се одржува руската индустриска воена машинерија.

– Со заобиколувањето на санкциите, се разбира, се поддржува производството на воена опрема, со снабдувањето на Русија со потребните суровини. Тоа значи дека ЕУ без да сака придонесува во военото опремување на Русија, оценува Дор.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Европската комисија досега во неколку наврати апелираше до третите земји да забранат реекспорт на овие европски стоки во Русија, нагласувајќи дека „речиси сигурно руската војска ќе ги користи на бојното поле во Украина“.

Според вишиот соработник на германскиот Институт за меѓународни и безбедносни прашања (СВП), Јанис Клуге, по воведувањето на западните санкции кон Русија се појавиле „нови трговци“ специјализирани за увоз на ваквите стоки преку трети земји.

– Се појави една цела индустрија која е посветена на заобиколување на санкциите, затоа што се работи за бизнис вреден милијарди долари, смета Клуге.

Според податоците на руските власти објавени лани во декември, во текот на 2023 година вредноста на увозот во Русија благо го надминал нивото од 300 милијарди долари, колку што изнесуваше пред воведувањето на западните санкции, при што кусокот во увезените стоки од Западот е надоместен со увоз од други земји во вкупен износ од над 70 милијарди долари.

Токму поради ваквите показатели, со најновиот 13-ти пакет санкции на ЕУ кон лица и ентитети кои ја поддржуваат руската агресија врз Украина, објавен минатата недела, се опфатени и компании од Кина, Индија и Турција, за кои постојат оправдани сомнежи дека и помагаат на Москва во заобиколување на рестриктивните мерки на Унијата.

Воспоставувањето на еден вид руски механизам за заобиколување на европските санкции го призна и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, кој недамна изјави дека овие рестриктивни мерки се однесуваат само на директниот извоз на компании од Унијата во Русија и немаат екстериторијален ефект, што резултира со енормен раст на увозот на европски стоки, вклучително и на високотехнолошки производи, од страна на трети земји.

– На пример, извозот на возила од ЕУ во Русија паднал за 78 отсто во 2022 година, додека извозот од ЕУ во Казахстан се зголемил за 268 отсто, посочи Борел.

Tags: ЕУРусијасанкции
Next Post
Бранко Тричковски

Државата ја правиме невозможна

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk