ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерката Петровска во тетовската касарна положи венец по повод 80-годишнината од смртта на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу

February 27, 2024 16:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во касарната во Тетово, министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со делегација од Генералштабот на Армијата, денеска положи венец со свежо цвеќе по повод одбележувањето на 80 години од смртта на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу, чие име го носи оваа армиска касарна.

-Народниот херој Кузман Јосифовски – Питу е еден од столбовите на партизанскиот отпор против окупаторот во текот на Втората светска војна. Неговата револуционерна активност започнува со подигање на револуционерната и националната свест на населението и организација на работата на првиот прилепски партизански одред кој го започнал нападот против окупаторот на 11 октомври 1941 година, до оформувањето на партизанските одреди во текот на 1942 и 1943 година. Неговата истрајност и упорност му го обезбедуваат прекарот според името на неговиот претходник од Илинденската борба, војводата Питу Гули, се вели во денешното соопштение о Министерството за одбрана.

Во касарната во „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово по повод одбележувањето на 80-годишнината од смртта на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу се обрати командантот на 3. пешадиски баталјон, потполковник Томица Ристоски кој, зборувајќи за животот и делото на Кузман Јосифоски – Питу, истакна дека е херој кој го заслужил местото во современата македонска воена историја.

Со одбележувањето на патронатот секоја година, како што се додава во соопштението, Министерството и Армијата придонесуваат неговото име и дело да останат во сеќавањата на идните генерации и поколенија. 

Tags: касарнаПетровскаТетово
Next Post

Мареј навести пензионирање од тенисот

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk