ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Истражување: „Ултрапреработената“ храна ја зголемува подложноста на болести

March 1, 2024 12:28
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Јадењето „прекумерно обработена“ храна ја зголемува опасноста од развој од десетици неповолни и сериозни здравствени состојби, посочува новиот преглед на 45 мета-анализи којшто опфаќа речиси 10 милиони луѓе. Научниот труд е објавен во средата во списанието „Би-ем-џеј“ (The BMJ).

– Најдовме постојани докази што го поврзуваат поголемиот внос на тн. „ултрапреработена“ храна со преку 70 отсто од 45-те различни здравствени исходи што ги зедовме предвид, изјави Волфганг Маркс, виш научен соработник во Центарот за храна и расположение при Универзитетот „Дикин“ во Гилонг, Австралија.

Хајнц Фрајслинг, стручњак за рак од Светската здравствена организација, вели дека најмногу 10 отсто од храната може да се смета како „основна линија“ по којашто ако има поголем удел прекумерно обработени намирници – ризикот се зголемува. Тој не беше вклучен во испитувањата.

Според истражувачите, има убедливи докази дека високиот наспроти нискиот внос на ултраобработена храна може да ја зголеми можноста за појава на анксиозност до 53 насто, а опасноста од рана смрт од која било причина – за 20 насто.

И епидемиологот за рак Фанг Фанг Јанг, професор на Одделот за нутриционистичка епидемиологија при Универзитетот „Тафтс“ во Бостон во САД, која не е вклучена во новото истражување, се согласува со голем дел од наводите.

– Не е изненадувачки што има толку многу студии кои укажуваат на позитивна поврзаност меѓу потрошувачката на ултрапреработена храна и ризикот од различни исходи на болеста. Ултраобработената храна е богата со калории, додаден шеќер, натриум и малку влакна. Веќе е познато дека сите овие фактори придонесуваат за кардиометаболички здравствени резултати, зголемување на телесната тежина, дебелина, дијабетес тип 2 и хипертензија, рече Јанг.

Советите на стручњаците гласат:

1. Споредувајте ги етикетите на производите и одбирајте помалку обработени намирници.

2. Она што го вклучувате е исто толку важно како и она што го исклучувате од исхраната. Во она што може да се додаде спаѓа и свежо, замрзнато или конзервирано овошје, зеленчук, грав, мешунки.

3. Внимавајте и на течностите. Напивките засладени со шеќер немаат хранлива вредност. Тоа треба да се замени со вода.

4. Рестораните и кафулињата се попрепорачливи наместо синџирите за брза храна. Во ресторан помала е веројатноста да се прави ултраобработена храна.

Tags: Советихранаштетност
Next Post

Минато версус иднина

Shortcut

Најново

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда: Усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ

June 5, 2026

Започнува 60. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп

June 5, 2026
Фото: Геенрирано со ВИ

Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

June 5, 2026
Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk