ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

(ВИДЕО) Пендаровски очекува Северна Македонија да влезе во ЕУ во неговиот втор мандат, шефот на државата се надева и на гласови од ДУИ

March 1, 2024 13:23
in PMD, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелниот претседател Стево Пендаровски денеска на прес-конференција, најави дека повторно ќе се кандидира за функцијата. Актуелниот претседател доби поддршка за втор мандат од највисокото раководство на владејачката СДСМ.

Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, неделава порано изјави дека претседателот Пендаровски се очекува да биде промовиран официјално за претседателски кандидат на СДСМ на Конгресот на партијата закажан в недела, но откако одлуката за тоа ќе помине низ партиските тела – Извршниот и Централниот одбор.

Извршниот одбор на партијата на состанокот во средата во Штип соопшти дека ќе го предложи Стево Пендаровски за кандидат за претседател до Централниот одбор.

Шефот на државата и со порака дека добил јавна поддршка од голем број граѓани, дел од нив јавни личности, професори и културни работници.

-Во недела ќе бидам на Конгресот на СДСМ, само во тој дел, за да им се заблагодарам за поддршката, а од понеделник ќе имам средби со сите десетина партии од таа коалиција, од кои ќе сакам да слушнам предлози, кои би ги вклучил во мојата програма. Станува збор за граѓанска кандидатура и ги повикувам сите граѓани, од недела 3-ти март, да дадат поддршка за мојата кандидатурата во подрачните единици на ДИК, истакна Пендаровски.

За причините зошто се кандидира, претседателот вели дека зад себе ima мандат без ниту една стратешка грешка, без ниту една корупциска афера и без ниту еден случај на непотизам. Очекува во неговиот евентуален втор мандат, Македонија да стане членка на ЕУ.

-Веројатно за првпат во македонската историја, ќе имаме најголема бројка на кандидати во првиот круг од претседателските избори и тука се можни преклопувања на партиските електорати. Можеме да имаме дури седум кандидати во првиот круг, рече шефот на државата, Стево Пендаровски за неговите очекувања од претседателската трка.

На прашањето дали доколку отиде во вториот круг, ги очекува гласовите од Албанците и партијата ДУИ, Пендаровски наведе дека ги очекува гласовите од сите етнички заедници, како што било и во 2014 година. Претседателот информира дека во таа година имал 35 илјади албански гласови, без политички договор.

Вели дека „не размислува на тој начин“ кој би бил негов противкандидат во вториот круг од претседателските избори. Ги почитува сите кандидати и истакна дека има коректни односи.

-Се кандидирам, не само за да учествувам на изборите, туку и да победам, категоричен е Пендаровски, давајќи одговори на новинарски прашања на прес-конференција, на која ја најави неговата повторно кандидатура за местото во „Вила Водно“.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април 2024 година, а вториот круг на 8 мај заедно со парламентарните избори. 

Д. В. / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: втор мандатЕУПендаровски

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Украина и Русија во Истанбул договорија размена на воени заробеници

June 2, 2025

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

June 2, 2025

Јахоски патувал надвор од државата со пасош издаден од МВР по решение на Апелација

June 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk