„Оваа земја дала свои херои, но почива и на рамената на нашите хероини. Изградена е од мажи и жени кои стоеле рамо до рамо, подеднакво чекорејќи напред, кон подобра иднина за себе и за своите деца. Тој аманет, ние денес го чуваме и го остваруваме. И денес стоиме рамо до рамо заедно во борбата за еднаквост, за економска, политичка и социјална рамноправност, борбата за прогрес. Денес имаме 3 важни работи. Првата е овој марш на кој илјадници наши сопартијки, сограѓанки, дојдоа да оддадат почит на 8 Март, „ изјави Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во своето обраќање на традиционалниот Осмомартовски Марш по повод Интернационалниот ден на жената, во организација на Форумот на жени на СДСМ.
Тој додаде дека втората работа е конгресот на партијата кој ќе биде попладне.
„На тој конгрес ќе донесеме одлука за претседателски кандидат, победничкиот претседателски кандидат на изборите на 24 април и 8 мај! На тој конгрес оповторно ќе потврдиме дека првата дама е меѓу нас. Првата дама по 8 мај е Бети Пендаровска и прва после 8 мај повторно ќе биде Бети Пендаровска“, потенцираше Ковачевски