ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери за протестите на пет државни универзитети: На закажани избори не се потпишуваат колективни договори

March 6, 2024 11:30
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Талат Џафери, фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Талат Џафери, фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска на прес-конференција, во врска со протестите на пет државни универзитети, кажа дека на закажани избори не се потпишуваат колективни договори и оти протестите се користат за дневно-политички цели.

Тој појасни дека секој има право на протест и штрајк, но оти решението за оваа ситуација, како што кажа, ќе се бара по изборите.

Членовите на синдикатите на петте државни универзитети „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“ и „Мајка Тереза“ во Скопје во понеделникот на мирен протест побараа потпишување на колективен договор на овие универзитети и изедначување на правата, обврските и одговорностите со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Тие го поздравија потпишувањето и спроведувањето на колективниот договор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, но истовремено укажаа на нееднаквиот статус на останатите пет јавни универзитети во земјата. Сметаат дека се игнорирани и дискриминирани од Владата и Собранието во однос на УКИМ, чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.

-Решението е да се чека да се завршат изборите. Собранието е основач. Собранието ниту е политичка партија, ниту е личност. Собранието е државна институција и тоа највисок орган. Во кој било формат после изборите продолжува процедурата започната по однос на барањата. Кој и да е претседател на Собранието и кој и да е составот на наредното мнозинство ќе мора да го овласти претседателот на Собранието затоа што актуелниот после избори физички нема време тоа да го прави. Во време на избори не може да пристапи кон ова, значи решението е да продолжи постапката по изборите. Имајќи предвид дека искуствено оние слабости што ги имаше барањето на УКИМ веќе се надминати затоа што имаа сите примерок од содржината како треба да изгледа целината на договорот го имаа од УКИМ како пример, им го дадов уште таму кога беа кај мене, така што полесно ќе може да се заврши процедурата, рече Џафери.

Вели дека тие не биле дискриминирани, бидејќи немале формирано навремено синдикати.

-Немаа синдикати, затоа што дел од професорите беа по инерција членови на синдикати, општи синдикати во МОН. И кога виделе на примерот на УКИМ коишто земале и читале закони па требале да имаат самостоен синдикат како самостојна институција, на тој пример. Значи, како се дискриминирани? Колку време постојат универзитетиве, најновиот е УНК – значи Универзитетот „Мајка Тереза“. Па зошто не формираа навреме синдикати да имаат како што ги формираа после кога им укажав дека треба да прават тоа, рече тој.

Пратеникот Арбр Адеми вчера изјави дека пратениците од владејачкото мнозинство до Собранието поднеле измени на Законот за високото образование, со кои, се очекува, да се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи. Тој очекува дека законот да биде донесен во текот на оваа недела на пленарна седница.

-Имајќи предвид дека изборите се распишани, а претседателот на Собранието иако сака, но членот 8а од Изборниот законик забранува потпишување на колективни договори. Наоѓајќи се во таква ситуација кога не може да се потпише колективен договор со другите универзитети, ние пратениците од владејачкото мнозинство презедовме иницијатива тие членови кои се во Колективниот договор што Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ го склучи со претседателот на Собранието во декември 2022 година, да бидат внесени овде со помоќен правен акт – со закон и кои одредби ќе важат за сите јавни универзитети. Во предложениот закон е наведено и дека овој закон ќе стапи во сила осмиот ден од објавувањето во Службен весник, што значи дека ќе стапи во сила во текот на овој месец, истакна Адеми изразувајќи надеж дека овие законски измени ќе ја добијат поддршката од сите пратеници во Собранието.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: државни универзитетипротестиЏафери

НАЈНОВО

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

June 29, 2025

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ

June 29, 2025

Ѓоковиќ вели дека се чувствува добро пред стартот на Вимблдон, Алкараз полн со самодоверба

June 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервјуто на Џабир Дерала за украинската агенција „Укринформ“ со силен одек во албанските медиуми во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски Модернио

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk