ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши уверува дека ќе нема енормно зголемување на цените на производите, Законот за забрана на нефер трговски практики пред Законодавно-правната комисија

March 6, 2024 07:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Законодавно-правна комисија денеска треба да расправа за Предлог законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, по скратена постапка, откако вчера ова законско решение помина и во Комисијата за европски прашања.

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува законот да биде на пленарна седница на 11. или 13. месецов и да биде изгласан, по што по објавата во Службен весник ќе се отвори јавна расправа.

Бектеши уверува дека ќе нема енормно зголемување на цените на производите во периодот додека да стартува целосната примена на законот, а  особено на производите за кои до крајот на минатиот месец имаше гарантирани цени.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе ја посети компанијата Еуропеан Плантс (European Plants) во село Прељубиште, Тетово.

– Сум разговарал со сите домашни производители и трговци и на големо и мало. Ако се злоупотребува овој период додека се утврди целосната листа и биде објавена, и додека се менуваат договорите што ги имаат снабдувачите со трговците заради тоа што треба да им се даде период да репреговараат одредени работи кои ги имаат предвидено нивните договори за снабдување, тие знаат дека во Министерството за економија подготвени сме во текот на денот да носиме одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би можеле да направат такви злоупотреби, рече вчера Бектеши во телевизиско гостување.

Злоупотребите, појасни министерот, ќе ги утврдува Државниот пазарен инспекторат  кој професионално ја врши работата и на дневно ниво ги следи состојбите.

Од над 2500 производи кои ќе бидат опфатени со законот, 70 до 80 проценти се земјоделски и прехранбени производи што се на пазарот во државава, а листата, најави Бектеши, ќе се проширува ако има барања.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера повторно повика пратениците да го изгласаат законот затоа што, како што рече, само на тој начин институционално ќе го решиме проблемот со евентуално зголемување на цени кои не се пазарни.

Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона, уверува потпретседателот на СДСМ и кандидат за вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој и досега ја извршуваше о

Државниот пазарен инспекторат е секојдневно на терен. Во прв момент кога ќе ни стигне извештајот дали и кои производи имаат зголемени цени, ќе се укаже и во јавноста, особено ако тоа се прави на организиран начин, рече Битиќи.

Во Комисијата за заштита на конкурентност,  веќе има една претставка, а очекува новиот состав на оваа Комисијата да ја забрза работата за доколку забележи организиран начин на зголемување на цени, тоа да го спречи.

Со донесувањето на Предлог законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот на снабдување со земјоделство и храна. Надлежните очекуваат да се стави крај на нелојалната конкуренција во трговијата и дека овој закон ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

null

На 29 минатиот месец заврши мерката за гарантирана цена на дел од прехранбените производи, како лебот, млекото, јогуртот, тестенините, дел од месните производи, како и на безалкохолните пијалаци и пивото. Не ево сила и валдината одлука со која беа намалени увозните давачки за зеленчукот.

Tags: аконот за забрана на нефер трговски практикиБектешиБитиќицени
Next Post

Променливо облачно, попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи

Shortcut

Најново

Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk