ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За слободата и идејата на слободните граѓани версус робовите и ботовите

March 6, 2024 12:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Од 2017 година до денес, идејата на слободата е, за тоа да човекот биде слободен, да се движи кај што сака и како сака, да зборува слободно и да не биде казнет за тоа што го зборува, да се собира слободно, да ги ужива сите привилегии и ги исполнува сите должности и одговорности на слободен граѓанин. А потоа – со својата внатрешна слобода може да прави што ќе посака.

Тоа беше идејата, велам, за тоа се боревме, ако сакате баш експлицитно и вистинито да зборуваме. И за овој идеал во огромна мера се изборивме. Од друга страна, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за овие идеали не даваат пет пари; тоа ни го покажаа милион пати досега. Од договорот во Преспа, од неисполнувањето на влезот на Бугарите во Уставот, па сè до личните слободи на граѓаните. Такви керефеки нив едноставно не ги интересираат. А без овие базични, основни и цивилизациски слободи – нема ниту живот, нема ниту економија, нема ништо. Има само прав, пепел и узурпација на сè. Во уште побрутален превод – Мицкоски со неговата фамозна партија планира да ја убие Македонија.

Погледајте ја неговата рационалност, погледајте ги неговите „сенки“ кои се нарекуваат министри во техничката влада на Талат Џафери. Погледајте го тоа самоволие, медиумско арбитрирање и пресудување. Како да ја гледате самата смрт која е дел од сложувалката, а Силјановска е тука поставена чисто како декор – да ја ублажи и релативизира таквата смртност. За овие луѓе, слободата е премногу општа и метафизичка, затоа што овие луѓе, со своето делување се против духот што го изнедри Македонија од 2017 година наваму; овие луѓе се и против духот на слободата што го изнедри и самата Европа. Слободата е слобода за сите (граѓани на оваа земја), а не само за еден (Мицкоски).

Слободата е за живот, а не за ропство. Слободата е за живот на сите, а не за смрт.

И за оваа слобода се боревме сите овие години. Не е слободата во тоа кој ќе биде директор, главен тендераш, печалбар во дадениот контекст „затоа што моите се власт“. Се разбира, ова е рецидив од религиско (христијанско) поимање на слободата. И без разлика на тоа, слободата во демократија е проклето важна и проклето клучна. Без слобода нема ништо. Впрочем, читајте го Орвел ако не сте го читале Шаламов; или ако не му верувате на Примо Леви или, пак, не му верувате на Фридрих Ниче.

Јас со илјадници граѓани се борев и ќе продолжам да се борам за тоа да човекот биде слободен, да се движи каде што сака, да зборува слободно и не биде казнет поради тоа, да се собира слободно, да ги ужива сите привилегии и ги исполнува сите обврски и права на слободниот граѓанин. А потоа со своите внатрешни слободи може да прави што сака.

Социјалдемократската партија, СДСМ, во последните неколку денови повторно почнува да се крева, да добива на значење, а синергијата на власта е да ја зачува во едно коло; oд друга страна, профилот на Стево Пендаровски ќе биде дополнителна „буст-вакцина“ за нова или стара мобилизација. Опасноста може да дојде единствено од оној кумановски „Максимилијан“ кој отцепува делови од чистото гласачко „сдсмовско“ изборно тело. Дали Ковачевски ќе умее да го припитоми или собере Максимилијан, тоа е работа на стил, умешност, а можеби и тоа е работа на трговија. Сложени се патиштата на ниските страсти, амбициите и афинитетите.

А можеби, пак, единствено важно од сето погоре е, а и тоа кое произведува и еден вид јавен интерес заради историското значење: СДСМ има историски симболички потенцијал кој е втемелен во слободата и заедништвото, поточно СДСМ мора да се врати на своето „фабричко подесување“ – инклузија на сите, без фаќање за гуша и влечење за уши. Тоа е силата на СДСМ, вклучително и нејзините јасно продефилирани актери кои се за Европа и САД. Нема поголем јавен интерес од овие смерници. Впрочем, тоа не може да го реши ниеден „меѓупартиски дил“, туку оние кои ќе бидат продолжувачи на мисијата и смислата во политичкиот живот на партија која во моментот е главен стожер и кичма на македоското општество. И за таквата кичма мора да се бориме за да не бидеме (сите заедно!) минато свршено време.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Tags: НЕНАД ЈОВАНОВИЌслобода
Next Post

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Случајот „Грдец“ се враќа во албанскиот Специјален суд за корупција; СП бара дисциплински мерки за 3 демократски пратеници; Република Српска и нападот во Бањска ги загрижува Берлин и европските престолнини

Shortcut

Најново

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk