ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи апелира до трговците и маркетите да им дадат приоритет на благосостојбата на граѓаните пред краткорочните добивки

March 8, 2024 21:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Почитувани мои сограѓани, иако првично беше планирано во текот на утрешниот ден да направам увид на цените во одредени маркети, сепак денес бев сведок на нешто кое ме поттикна да ја преиспитам мојата првична одлука и намера. Покрај почетните индикации по одмрзнувањето на цените дека истите ќе флуктуираат, денес имав можност да прочитам соопштенија доставени до јавноста од општествено одговорни маркети кои јасно укажуваат дека нивните цени се стабилни и непроменети од претходно. Станува збор за компании кои покажуваат дека профитабилноста и општествената одговорност меѓусебе не се исклучуваат, туку се меѓусебно поврзани аспекти на одржливите деловни практики, објави на Фејсбук вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Како што истакнува Битиќи, „одредени маркети останаа цврсти во својата посветеност кон граѓаните, избраа морален интегритет наместо екстра профит. Со овој нивен морален исчекор овозможија цените на основните производи за нивните потрошувачи да останат стабилни, исто како што беа кога беа заштитени со владина одлука. Ова е навистина една охрабрувачка пракса“.

„Апелирам до сите трговци и маркети на пазарот да го следат примерот што го дадоа овие маркети, да им дадат приоритет на благосостојбата на нашите граѓани пред краткорочните добивки. Воедно сакам да испратам апел до граѓаните, дека нивниот глас ни е важен. Ако се посомневате на одредени неетички отстапки во делот на цените на основните прехранбени производи, ве охрабрувам тоа да го пријавите до надлежните институции. Само заедно, можеме да обезбедиме никој да не стане жртва на алчност или профитерство, дека секој ќе има пристап до најважните работи што му се потребни. А законот за нефер трговски практики, кој е во собраниска процедура, е клучниот системски чекор кон искоренување на неетичката трговска пракса, преку која малкумина профитираат на грбот на граѓаните. Заштитувајќи ги цените на над 2.500 основни производи од пазарни манипулации, со неговите одредби, имаме за цел да создадеме средина каде што ниту една компанија нема да има влијание врз другите, каде што ќе преовладува правичноста и каде што интересите на нашите граѓани ќе се заштитени пред налетот на алчните профитерства“, наведува во објавата Битиќи.

 

Tags: Битиќимаркетицени
Next Post

Пентагон вели дека нема податоци за обратно инженерска технологија од вонземјани

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk