ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕК бара од Бугарија усогласување со одредбите на ЕУ за борба против расизмот, правата на затворениците и заштитата на морето

March 13, 2024 14:43
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска упати известувања до Бугарија за несоодветна усогласеност со одредбите за право на пристап до адвокат и комуникација на приведените лица и со законските регулативи на ЕУ за борба против расизмот и ксенофобијата, како и барање да преземе мерки за заштита на своите поморски води.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Европската комисија соопшти дека решила да испрати дополнително официјално известување до Бугарија поради нејзино несоодветно усогласување со правилата на ЕУ за борба против расизмот и ксенофобијата.

Целта на овие правила е да се обезбедат ефикасни и соодветни казни во ЕУ за сериозните манифестации на расизам и ксенофобија, како што се јавно поттикнување насилство или омраза.

Еврокомисијата уште во февруари 2021 година испрати писмо со формално известување до Софија за несоодветно усогласување со регулативата, по што лани во јули Бугарија усвои измени и дополнувања на Кривичниот законик со кои делумно се вклучени забелешките од Брисел.

Меѓутоа, Комисијата смета дека со овие измени Бугарија не се усогласени целосно со членот 4 од регулативата, со кој се бара расистичките и ксенофобичните мотиви да се третираат како отежнувачка околност за кривичните дела и тоа да се има предвид при определувањето на казните.

Европската комисија, исто така, соопшти дека решила да испрати формално известување до Бугарија за започнување постапка поради несоодветно усогласување на нејзиното национално законодавство со Директивата за правото на пристап до адвокат и за комуникација на лицата по приведувањето.

Директивата има за цел да им гарантира на приведените лица право на пристап до адвокат уште од најраните фази во кривичната постапка, како и да им овозможи комуницирање со трети лица, како што се нивниот работодавач, членови на семејството или конзуларните власти.

Комисијата смета дека опсегот на примена на овие мерки во бугарскиот закон е ограничен, како и дека можностите за непочитување на правото на адвокат поради истражни потреби ги надминуваат одредбите од Директивата. Исто така, ЕК смета дека несоодветно се усогласени и одредбите за информирање на родителите или старателите за лишувањето од слобода на дете.

Европската комисија реши да испрати и образложено мислење до Бугарија за нејзино неисполнување на обврските од Рамковната директива за поморска стратегија, која има за цел да обезбеди добар еколошки статус на морињата и океаните во ЕУ, како и одржливо управување со нивните ресурси. Според Директивата, земјите членки до 31 март 2022 година беа обврзани да ги ажурираат своите програми за мерки со одредбите од документот.

До крајниот рок, неколку земји членки на ЕУ, меѓу кои и Бугарија, не доставија извештаи за ажурирањата на нивните програми за мерки до Комисијата, по што таа испрати писмо со формално известување за неусогласеноста.

Во одговор, Бугарија вети дека ќе го заврши ажурирањето на програмите до крајот на 2023 година, но внатрешната постапка беше одложена, поради што, Комисијата одлучи да го испрати денешното мислење до Бугарија.

По трите испратени известувања од страна на Европската комисија, Бугарија има рок од два месеца да даде одговор или да ги надмине посочените недостатоци. Доколку не добие задоволителен одговор по првите две известување, Комисијата може да реши да испрати образложено мислење до Софија. Кога станува збор за одговорот по образложеното мислење за заштитата на поморските води, доколку Комисијата процени дека тој е незадоволителен, би можела да ја тужи Бугарија пред Судот на правдата на Европската Унија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бугаријаЕУусогласување
Next Post
Фото: Центарот за вселенски летови Годард на НАСА

Како Марс влијае на климата и морињата на Земјата?

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk