ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Светски ден на бубрегот, во државава 1.540 лица на дијализа

March 14, 2024 09:22
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во државава се проценува дека хроничната бубрежна болест е застапена кај 10 отсто од населението, додека во краен стадиум на болеста на лекување со дијализа се 1.540 лица, покажуваат податоците на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“. Здружението под мотото „Унапредување на пристапот до нега и оптимално лекување на бубрежно болните лица“, денеска ќе го одбележи Светскиот ден на бубрегот.

Светскиот дел на бубрегот се одбележува секој втори четврток од март во повеќе од 150 земји ширум светот.  Кај нас се одбележува по 19-ти пат, под покровителство на Меѓународното здружение за нефрологија (ISN) и Меѓународната федерација на бубрежни фондации (IFKF).

На настанот што го организира Здружението „Нефрон“, како што е најавено, ќе се обратат претставници од институциите и ќе одржат стручни предавања со цел едукација на членството, но и подигнување на свеста за превенција на бубрежните болести, нивно рано откривање и изнаоѓање можности за навремен соодветен третман.

Според претседателот на „Нефрон“,  Душко Ѓоргиев, и покрај постигнатото унапредување во пристапот и значајно подобрените услови за лекување со дијализа во земјава, како приоритет останува зголемувањето на превентивната заштита и достапноста на соодветни нови лекови за сите пациенти.

Како најчести причини за откажување на бубрезите, од Здружението „Нефрон“ ги посочуваат дијабетесот и кардиоваскуларните болести. Велат дека превенцијата е клучна за намалување на човечките и економските трошоци за ХББ во терминалната фаза на болеста и затоа е потребен еднаков пристап до скрининг, рана дијагноза и квалитетен третман, како и едукација на пациентите и здравствените професионалци за прифаќање на новите методи и лекови.

– Трансплантацијата како од жив донор и кадавер, е, предизвик и на истата мора многу да се работи за да се одговори на потребите на пациентите, смета Ѓоргиев.

Настан по повод Светскиот ден на бубрегот организира и Универзитетската клиника за нефрологија во Скопје на кој се предвидени обраќања на директорката на Клиниката доцент доктор Ирена Рамбабова Бушљетиќ, министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, деканот на Медицинскиот факултет Светозар Антовиќ, ….

Во земјава до јануари беа извршени над 500 трансплантации на Клиниката за урологија.

– Вкупниот број на трансплантации досега е 502, од кои 85 се кадаверични. Значајно е да се напоменат и трите години за време на пандемијата од Ковид-19, период кога со голем ризик за пациентите, се изведуваа трансплантациите, изјави на 31 јануари годинава директорот на Клиниката за урологија Сашо Дохчев.

Проценките се дека од хронична бубрежна болест (ХББ) се засегнати повеќе од 850 милиони лица ширум светот.

– Хроничната бубрежна болест се наоѓа на осмо место како водечка причина за смртност во светот и доколку не се преземат сериозни мерки, ХББ се очекува да биде петта причина за смртност до 2040 година. Во текот на последните три децении, напорите за лекување на хроничната бубрежна болест беа насочени кон подготовка и спроведување терапии за замена на бубрежната функција. До три отсто од здравствените буџети во високо развиените земји се трошат за дијализа и трансплантација. Сепак, од 5 до 11 милиони луѓе годишно умираат од бубрежни заболувања, особено во земјите со ниско ниво на развој, поради недостаток на пристап до бубрежно заместителна терапија, наведуваат од здружението „Нефрон“.

Tags: дијализаСветски ден на бубрегТрансплантација
Next Post

Променливо облачно со сончеви периоди

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk