На турнирот од W35 категорија, којшто се одржува во кипарското пристаниште Ларнака, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа со одлична игра извојува победа против Италијанката Nuria Brancaccio, со резултат од 7-5 ; 6-4.
Претходно, Ѓорческа ги елиминираше домашната тенисерка Maria Siopacha (6-1 ; 6-1), Италијанката Matilde Paoletti (6-3 ; 3-6 ; 7-5) и Ksenia Zaytseva од Русија (6-2 ; 6-2).
Во утрешното финале Ѓорческа ќе игра против големата фаворитка Lucija Ciric Bagaric од Хрватска, којашто во полуфиналето ја елиминираше шпанската тенисерка Andrea Lazaro Garcia. Младата 20-годишна тенисерка од Хрватска во првите два месеца од оваа година победи на три турнири, сите од W35 категорија.
Лина Ѓорческа на овој турнир игра одлично и со пласманот во финалето веќе обезбеди нови 23 поени на WTA листата. Евентуална победа на Ѓорческа во финалниот меч би значела уште дополнителни 12 WTA поени и голем напредок на WTA листата. Мечот ќе започне во 9 часот наутро по македонско време.
А. Лукароски