ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

„Ал Џезира“ тврди дека израелската армија накратко уапсила еден од нејзините известувачи

March 19, 2024 09:38
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ
[Screengrab/Al Jazeera]

[Screengrab/Al Jazeera]

Share on FacebookShare on Twitter

Катарската телевизија „Ал Џезира“ вчера ја обвини израелската армија дека го претепала и уапсила еден од нејзините новинари Исмаил Алгул за време на операцијата што израелските војници ја покренале против болничкиот комплекс „Ал Шифа“ во градот Газа, објавија француски медиуми.

„Ал Џезира“ синоќа објави дека нејзиниот известувач е ослободен.

-Окупациската армија брутално го претепа новинарот на „Ал Џезира“, Исмаил Алгул, пред да го уапси во болничкиот комплекс „Ал Шифа“, објави вчера „Ал Џезира“ во порака на социјалната мрежа „Х“.

Извор на Ал Џезира, кој сакал да остане анонимен, изјавил дека се уапсени и пет други новинари, вклучувајќи го и снимателот на Алгул, и дека израелски тенк им го уништил возилото.

Во соопштението, „Ал Џезира“ побара итно ослободување на својот дописник и на другите новинари уапсени со него.

Телевизијата додаде дека како резултат на апсењата биле уништени „автомобил на репортер, камери и друга опрема“.

САД, кои се близок сојузник на Израел, рекоа дека се свесни за инцидентот и побарале повеќе информации од израелската влада.

-Генерално, јасно ставаме до знаење дека новинарите играат витална улога и ниту еден новинар не треба да биде цел за да го замолчи нивниот глас во овој или кој било друг конфликт, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател на новинарите во Вашингтон.

Израелската армија вчера започна операција против болничкиот комплекс „Ал Шифа“, најголемиот во Појасот Газа, кој според неа го користат „високи терористи“ од палестинското исламистичко движење Хамас.

Илјадници цивили кои бегаат од борбите се засолниле во оваа болница. Израелската армија го повика цивилното население да ја евакуира болницата.

Во февруари, „Ал Џезира“ го обвини Израел дека систематски го напаѓа својот персонал кој работи во Газа.

Според Комитетот за заштита на новинарите (CJP), организација со седиште во Њујорк, најмалку 95 новинари, од кои 90 Палестинци, се убиени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

Двајца новинари на „Ал Џезира“ се убиени во Појасот Газа од 7 октомври, а шефот на бирото на каналот во палестинската енклава е ранет.

Tags: Ал џезираармијаГазаизраелмедиуминовинар
Next Post

Циклон на северот на Австралија, 700 луѓе останаа блокирани од остатокот од земјата

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk