Љубители сте на музички фестивали, а не сакате да потрошите цело богатство? Euronews culture објави листа на европски музички карневали кои можете да ги посетите.
The great escape – Брајтон, Велика Британија
Тридневен фестивал кој ќе се одржи од 15 до 18 мај, 2024. Без разлика дали сте љубител на панк, рап, поп, рок, има по нешто за секого.
Primavera Sound – Барселона, ШпанијаЕден од врвните музички фестивали во Европа (а веројатно и во светот), Primavera Sound ќе се одржува од 29 мај до 2 јуни. Фестивал на отворено покрај плажа, забава каква што секој би сакал да доживее во Барселона!
Дел од програмата се Лана Дел Реј и СЗА.
Nuits de Fourvière – Лион, Франција
Се одржува во римскиот амфитеатар на ридот Fourvière. Не е обичен музички фестивал, во неговата програма вклучени се балетски, театарски изведби и танцови. А, одличната работа е што доколку се одлучите да го посетите ќе ја имате можноста да го истражите Лион и негоавата прекрасна околина.
Best Kept Secret – Хилваренбек, ХоландијаФестивал среде шума на кој можете да уживате од 7 до 9 јуни. Оваа година фестивалот слави 10 години. Овој фестивал се издвојува и по прекрасната храна која се служи од многуте поставени комбиња, кој рече дека фестивалите не можат да имаат гастро шмек?
Rock Wechter – Верхтер, БелгијаОд 4 до 7 јули во селото Верхтер во близина на Лувен, се одржува еден од најголемите фестивали во Белгија. Победниците од Евровизија Манескин, Дуа Липа, Аврил Лавињ, Foo Fighter и многу други се дел од овогодинешната спектакуларна програма.
Exit – Нови Сад, Србија
Зачувајте ги датумите од 10 до 14 јули на вашите календари, бидејќи ова е искуство што не сакате да го пропуштите, сместен на Петроварадинска тврдина со поглед на Нови Сад, овој фестивал е рај за сите љубители на техно и хип-хоп.
NOS Alive Lisbon – Лисабон, Португалија
Со мотото „плажа дење, музика ноќе“, лисабонскиот NOS Alive ветува мелодии кои ќе ве држат до раните утрински часови. Од 11 до 13 јули љубителите и на поп, но и на рок музика ќе можат да се забавуваат на овој фестивал.
Electric Castel – Клуж Романија
Фестивал кој се одржува во замок! Од 17 до 21 јули забава во замок која навистина се одржува цели 24 часа, а дел од програмата се деноноќни свирки, стенд-ап…звучи примамливо?
Parookaville – Weeze Аеродром, Германија
Parookaville е фестивалот за љубителите на електро денс музиката, кој се одржува во текот на три дена во детално креиран лажен град на аеродромот Weeze.
Откако започна во 2015 година, Parookaville веќе се прослави како еден од најголемите германски фестивали на EDM, со 225.000 луѓе кои присуствуваа во 2023 година и повеќе од 300 диџеи кои настапуваа на десет сцени. Можете да го посетите од 19 до 21 јули.
All together now – Ватерфорд, Ирска
Сите заедно сега фестивалот е тридневен настан кој се одржува во имотот Курагмор во округот Ватерфорд, помеѓу 1 и 4 август. Сега во својата петта година, тој е најголемиот независен фестивал во Ирска, со 18 сцени на музика, театар, изговорен збор, раскажување приказни, комедија, здравје, храна и многу повеќе.
Sziget – Будимпешта, Унгарија
Од 7 до 12 август ќе се одржи еден од најголемите фестивали во Европа на островот Обуда во Унгарија. Минатата година настанот го посетија околу 420.000 луѓе од целиот свет, а оваа година несомнено ќе биде уште поголем – и подобар.
Flow Festival – Хелсинки, Финска
Се одржува од 9 до 11 август во главниот град на Финска, а оваа година го слави својот дваесетти роденден. Целосната програма сè уште не е излезена.
Извор: Нова ТВ