ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ховениер: Одлуката на Приштина за забрана на динарот не е спорна, да се смени начинот на имплементација

March 20, 2024 18:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, побара да се промени начинот на спроведување на Регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) со која се забранува употребата на српскиот динар во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната средба со косовскиот вицепремиер и главен преговарач во дијалогот со Србија, Бесник Бислими, Ховениер рече дека гледа позитивни знаци од средбата што главните преговарачи на Косово и Србија, Бислими и шефот на канцеларијата за Косово при владата на Србија, Петар Петковиќ ја имаа вчера во Брисел, заедно со посредникот на ЕУ во дијалогот, Мирослав Лајчак.

Американскиот дипломат повтори дека САД ја почитуваат ЦБК како институција одговорна за монетарните политики на целата територија на Косово и не ја оспоруваат одлуката за еврото како единствена валута за готовински плаќања, но рече дека „работата не е до динарот, туку до начинот на имплементација“.

– Загрижени сме дека тоа може да влијае на ранливото население, особено на заедницата на косовските Срби, и мислам дека е важно да се промени начинот на имплементација и нашите разговори за ова прашање продолжуваат, рече Ховениер.

Тој додаде дека Бислими не ги кажал предлозите на Косово, бидејќи рече дека Владата работи на нив, а изрази оптимизам за средбата најавена за следната недела.

Во вторник, 19 март, беше постигнат договор меѓу Косово и Србија за испраќање предлози за излез од динарскиот ќорсокак. Страните имаат рок до петок да ги испратат предлозите, а потоа за нив ќе се разговара во понеделник во Брисел на средбата на главните преговарачи.

Регулативата на ЦБК стапи на сила на 1 февруари и покрај меѓународните приговори. Со неа се забранува употреба на други валути освен еврото. Србите на косовскиот север веќе 20 години примаат од Србија плати, пензии, социјални додатоци и слично во динари.

Tags: ПриштинаХовениер
Next Post

Зеленски ги повика сите народи во светот да учествуваат на Глобалниот самит за мир

Shortcut

Најново

Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk