„Политиката е секој ангажман на еден индивидуалец во однос на сè што се случува во животот, бидејќи како практично функционира системот е политика и политиката е за секој еден од нас како граѓани особено во ова демократско уредување. Сето она што влијае на формирањето на јавното миислење во оваа светска консталација е еден од клучните елементи што се подразбира под политика односно каков ефект ќе има политиката во ситуација на дезинформации, лажни вести, манипулации… од друга страна, одговорноста на секој кој го креира јавното мислење или смета дека на било кој начин се занимава со политика е исто така голема“, изјави Никица Корубин во интервју за Слободен печат.
Таа додаде дека медиумите се на врвот на пирамидата кои го креираат јавното мислење и се претпоставува нивната професионалност и независност што не е случај секогаш.
„Медиумите не се единствените креатори на јавното мислење. Креатори на јавното мислење се и индивидуалци, поединци, политичките партии, најразлични бизнис структури. Каналите се медиумите сега, меѓутоа во услови на социјални мрежи тие канали не се под целосна контрола“, заклучи Корубин.