ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Чупеска: Да прашам, за војна ли сте?

March 21, 2024 08:20
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА

Универзитетската професорка Ана Чупеска, во својата најнова колумна за Либертас, пишува дека никој од нас не може да избега од моралните дилеми на своето време.

Но, ми се чини, додава таа, дека овде, на сцена имаме една хористичка патрдија, која упорно се обидува да ја избегне токму моралната одговорност на предизвикувачките актуелности на своето време.

„Штета! Каква самодоволност и социопатија, би рекла. Денес мили мои, светот се тресе, а моралните мета позиции прекршуваат врз разнишаниот хуманизам на глобално ниво. Тој, најпрво, е предизвикан директно и највулгарно од воено екстерминаторство како она во Украина, но не само таму.

Второ, постпандемичните енергетско-кризните брзорастечки “растројства” од секаков вид ја разнишаа и отпорноста на луѓето како такви, а со тоа, хуманизмот повторно е предизвикан.

Трето, дигиталната и рапидна неолиберална трансформација на социо-економските устројства долж глобалниот простор се дополнително стимулативни за сите можни видови на нехуманистичка нус продукција.

Четврто, пред нос ни се одвива страотна тензија и натпревар, судир меѓу либералната и илибералната демократија, и веќе видливи се последиците од отворената наезда на разните видови тоталитарни режими, авторитарни идеологии, однесувања и сл. Како пред Втората светска војна.

Дали ние што живееме овде, во Македонија, сме свесни за овие состојби? И, оттука, каква може и каква треба да биде нашата МОРАЛНА позиција кога директно се засегнати регионалниот, европскиот и светски мир? Мала држава како нашата не би смеела да си дозволи аморалност во врска со овие нешта (прво заради себеопстанок во смисла на гол живот (bare life), и секако во контекст на општото и универзално добро). Не можеме, мили мои, сега кога Финска и Шведска после вековна неутралност побара да влезат во НАТО, ние, кои сме полноправна членка, сè уште да имаме дилеми околу тоа. Да не зборувам за тотално неодговорните политичари кои заговараат напуштање на НАТО.

Па вие не само што сте аморални, вие сте една голема приватна трагедија со страотна јавна последица.

За војна ли сте, директно, да прашам?“ пишува Чупеска во колумната.

Tags: Ана ЧупескаНАТО
Next Post

Сончево со студено утро

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk