ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Потврдени претседателските кандидати, почна со работа набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

March 22, 2024 08:25
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди кандидатурите на седуммината претседателски кандидати за изборите на 24 април. Редниот број на кандидатите на избирачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да биде извршена жрепката во ДИК.

На седмите претседателски избори нов мандат ќе бара Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, а негови противкандидати се Гордана Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска Цветковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Арбен Таравари поддржан од албанската опозициска коалиција „Вреди“.

Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 22 април.

Најголем дел од политичките партии веќе ги соопштуваат носителите на листи за парламентарните избори (8 мај), а дел од нив своите претствувања ќе ги имаат викендов. Кандидатските листи за парламентарните избори до ДИК треба да бидат доставени најдоцна до 2 април – односно 35 дена пред изборите на 8 мај.

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) вчера ја отвори набљудувачката мисија во Северна Македонија за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април и парламентарните избори закажани на 8 мај. Првпат, ОБСЕ/ОДИХР во земјава ќе набљудуваат два вида избори што ќе се случуваат во исто време – претседателски и парламентарни избори. За двата изборни циклуси ќе бидат ангажирани 320 набљудувачи, од кои 20 долгорочни и 300 краткорочни.

Покрај главниот тим, ОБСЕ/ОДИХР ќе има група на 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ земјата во тимови од по двајца и тоа во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово и Штип, а два тима ќе има во Скопје. Во Набљудувачката мисија ќе бидат ангажирани и 300 краткорочни набљудувачи кои треба да пристигнат непосредно пред изборите и ќе бидат распоредени низ земјата.  Тие неколку дена пред изборите ќе одат во избирачките места, ќе ги набљудуваат избирачите и процесот на пребројување на гласовите и сумирањето на резултатите.

Обезбедувањето фер и демократски избори беше тема и на вчерашната средба на техничкиот премиер Талат Џафери и со членовите на ДИК. На средбата, која се одржала на покана на Џафери, тој истакнал дека, обезбедувањето на изборите не значи само обезбедување од аспект на законската регулатива и минимум стандарди, туку и взаемна проактивност за да може да се предвидат потенцијални кризи и да се предложат сценарија и решенија кои ќе бидат водилка за решавањето на тие кризи.

Заедничка констатација на средбата била дека, Република Северна Македонија е на европскиот пат, практикува европски вредности и потребен е силен фокус од сите политички субјекти и наратив на меѓусебно почитување, за фер и демократски избори што ќе придонесат во напредокот кон Европската Унија.

Tags: ДИКизбориОБСЕ
Next Post

Отворен ден на плоштадот Александрија во Прилеп - одбележување 75 години од формирањето на НАТО и четири години од нашето членство во Алијансата

НАЈНОВО

Дрон повторно го затвори аеродромот во Брисел

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Три лица загинаа во напад на американската армија во Карипско Море

November 7, 2025

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk